Алтун: Навремената и ефективна комуникација може да значи живот или смрт при глобалните кризи

September 20, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Директорот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, денес го истакна значењето на „ефективната комуникација“ во справувањето со глобалните кризи, јавува Анадолу.

„Во време кога природните катастрофи, пандемиите или политичките конфликти често ги надминуваат границите, координирањето на одговорот на регионално и на глобално ниво е од клучна важност“, рече Алтун во видео-обраќањето на „Stratcom Public Forum“, кој се одржува во Њујорк на тема „Стратешката комуникација во ерата на глобалната несигурност“.

Алтун истакна дека иако потребата за соработка е јасна, постигнувањето ефективна координација и комуникација останува „голем предизвик“.

И покрај тоа што владите, меѓународните организации и невладините организации се обидуваат да работат заедно во секоја голема криза, Алтун истакна дека тие може да се разликуваат по приоритетите, организациската структура и оперативните методи.

„Овие разлики често доведуваат до неефикасност и губење ресурси“, додаде тој, посочувајќи дека за да се надминат овие пречки, мора да се воспостават „робустни рамки за соработка“ пред да се појават кризите.

Говорејќи за ефективната комуникација за време на криза, Алтун рече: „Навремената и ефективна комуникација може да значи живот или смрт.“

„Во време на кризи, луѓето се свртуваат кон комуникациските канали бидејќи се очајни за каква било информација. Во таквите времиња, идентификувањето на вистинските канали за испраќање информативни и точни информации станува навистина клучно.

– „Зголемување на меѓународната соработка“ –

Алтун порача дека мора да се обезбеди јасна и конзистентна комуникација меѓу различните култури и јазици.

„Еден од клучните предизвици е да се осигура дека комуникацијата ќе стигне до сите засегнати страни, и до оние во оддалечените или дигитално изолираните подрачја“, истакна Алтун, додавајќи дека однапред воспоставените канали за комуникација и на локално и на меѓународно ниво се „клучни“.

Посочувајќи дека користењето на социјалните мрежи за комуникација при криза е „незгодна работа“, тој рече: „Може да обезбедaт новости во реално време и брзо да ги мобилизираат ресурсите, но исто така може да шират дезинформации како шумски пожар“.

За новите технологии, меѓу кои и вештачката интелигенција, Алтун предупреди на „сериозен ризик“ од користењето алатки со вештачка интелигенција, бидејќи тоа, како што рече, може да доведе до проблеми како прекршување на приватноста на податоците или пристрасно донесување одлуки.

„Како заклучок, иднината на одговорот на кризи зависи од нашата способност да ја зголемиме меѓународната соработка и ефективната комуникација“, истакна Алтун.

„Мораме да ги искористиме и традиционалните методи и новите технологии. Но, ова бара проактивен пристап кој произведува партнерства, користи јасни комуникациски стратегии и поттикнува дигитални иновации“, порача тој, повикувајќи на меѓународна соработка и споделување информации.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Македонските шахисти поразени од Шведска, дамите убедливи против Нов Зеланд

Следно

Одредени четвртфиналните парови во Дејвис Купот

Latest from Blog

Гешоска во Аргумент плус: Потребна е поголема финансиска поддршка за Саемот на книга

Искра Гешоска претседателка на „Контрапункт“ во Аргумент плус рече дека, читачкиот пазар во Македонија е мал. Според неа, потребни се модели на финансирање со кои ќе се поддржи Саемот на книгата. „Покомплексен

Турскиот министер Фидан и американскиот државен секретар Рубио разговараа за билатералните односи и регионалните прашања

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, и американскиот државен секретар Марко Рубио денес разговараа за билатералните односи и регионалните прашања, вклучувајќи ги Сирија, Газа и Украина, соопштија турски

Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде беа хоспитализирани повредените од пожарот во Кочани

Министерот Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде беа хоспитализирани македонските пациенти повредени во пожарот во Кочани Во рамки на дводневната работна посета на Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна

Актуелниот премиер Еди Рама е на пат да го обезбеди четвртиот последователен мандат

Социјалистите со убедливо предство на изборите во Албанија. Актуелниот премиер Еди Рама пред уште еден четиригодишен мандат. Податоците на центрачната изборна комисија покажуваат дека Социјалистичката партија, која е во коалиција единствено со
Go toTop