Бугарија негира поврзаност со експлозијата на пејџери во Либан и во Сирија

September 20, 2024
1 min read

АТИНА (АА) – Бугарската контраразузнавачка агенција ДАНС не најде никаква поврзаност меѓу Бугарија и неодамнешните експлозии на уреди за безжична комуникација во Либан и во Сирија, објавија денес државните медиуми, пренесува Анадолу.

„Уредите што експлодираа на 17 септември не се поврзани со бугарскиот увоз, извоз или производство“, објави бугарската новинска агенција БТА.

Во унгарските медиуми излегоа информации дека компанијата „Норта Глобал“ д.о.о. со седиште во Софија ја овозможила продажбата на пејџери на Хезболах.

ДАНС ги отфрли овие тврдења наведувајќи дека компанијата „Норта Глобал“ д.о.о. не била вклучена во какви било финансиски операции поврзани со финансирање тероризам, трговија со поединци или ентитети што се под санкции на Обединетите нации или Европската Унија.

Агенцијата потврди и дека ниедна комуникациска опрема поврзана со експлозиите не поминала низ бугарската царина.

Експлозии на пејџери и радиоуреди за безжична комуникација (воки-токи) се случија во различни делови на Либан во вторникот и во средата. Во експлозиите загинаа 37 луѓе, а неколку илјади беа повредени.

Либанската Влада го обвини Израел дека го извршил нападот, а Хезболах вети одмазда.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска Кочоска: Ќе има покачување на платите за наставниците во основните и средните училишта

Следно

Алисон има нов имиџ, голманот на Ливерпул ги изненади сите (ФОТО)

Latest from Blog

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска

Shteti shqiptar për Çamërinë 1925–1928

Traktati për minoritete, i nënshkruar pas Luftës së Parë Botërore pothuajse nga të gjitha shtetet e Evropës, ua njihte minoriteteve të gjitha të drejtat. Edhe Shqipëria, duke qenë ndër ato shtete që e nënshkruan këtë traktat, ia njohu minoritetit grek në Shqipëri të

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно
Go toTop