Муцунски: Ќе продолжиме да работиме на патот кон ЕУ и да испорачуваме резултати

September 19, 2024
1 min read

На денешните средби со претставниците на ЕУ ја афирмиравме посветеноста на новата Влада за продолжување по патот кон полноправно членство на земјата во Европската Унија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински на крајот на работната посета на владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски на Брисел.  

– Ќе продолжиме да работиме афирмативно и позитивно и ќе продолжиме да испорачуваме резултати, бидејќи тоа е главната порака што ја даде ЕУ дека од нас очекуваат резултати во делот на владеењето на правото, борбата со корупцијата, доброто владеење и сите оние политики каде што имаме сериозни недостатоци во државата, истакна Муцунски. 

Тој посочи дека во тој правец е сето она конкретно и опипливо што го има направено Владата во последните помалку од три месеци, насочено кон исполнување на највисоките стандарди на ЕУ, како и она што таа го нуди како излезно решение за предизвикот кој го кочи процесот за фактичко откочување на пристапните преговори на земјата со Унијата. 

– Во таа смисла сметам дека денешниов ден беше многу успешен. Дијалогот со европските институции, а и со земјите членки ќе продолжи, додаде Муцунски. 

Во однос на т.н. „француски предлог плус“, односно усвојување на уставните измени со одложено дејство, Муцински посочи дека со претставниците на ЕУ се дискутирало и за дел од овие прашања и дека дијалогот продолжува. 

– Секако тоа што го зборуваме јавно, го зборуваме и на сите овие состаноци, а тоа е дека очигледно постои предизвик создаден од лоши одлуки носени во минатото. И ќе повторам, ние работиме прво на заштита на нашиот национален интерес за да имаме предвидлив пат кон полноправно членство, а второ и на заштита на политиката на проширување. Веруваме дека со добра верба, добра волја и конкретни решенија може да се најде излез од секој предизвик којшто постои, потенцира Муцински. 

Шефот на македонската дипломатија, заедно со министерот за европски прашања Орхан Муртезани, го придружуваа премиерот Мицкоски на денешните средби во Брисел со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман. Претходно, премиерот заедно со останатите лидери од земјите од Западниот Балкан присуствуваше и на работен ручек во организација на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.   

Муцински претпладнево имаше средба и со генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг, на која како што рече, му се заблагодарил од името на нашата држава за неговата посветеност во последните години кон обезбедувањето глобална безбедност и кон повисоки стандарди на одбраната, како и за сето тоа што го има направено за нас како држава, но и за Алијансата. 

– Нашата посветеност како кредибилна членка на НАТО ќе продолжи и ќе работиме само на надградување на сите оние позитивни процеси коишто Владата веќе ги покажува во своите први помалку од три месеци, додаде Муцунски.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Муртезани: Сега е одличен момент брзо да чекориме кон полноправно членство во ЕУ

Следно

Салиу на Министерскиот состанок за ромската интеграција 2024 во Берлин

Latest from Blog

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук објави дека нема да се кандидира на претстојните локални избори, и покрај, како што вели, убедливо водство на сите

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација

Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски. Костадинов пишува дека нема
Go toTop