Муртезани: Сега е одличен момент брзо да чекориме кон полноправно членство во ЕУ

September 19, 2024
1 min read

Заложбата на новата Влада за брзо зачленување на земјата во ЕУ беше уште еднаш истакната на денешните состаноци со високите претставници на Унијата, изјави министерот за европски прашања Орхан Муетезани, кој денеска го придружуваше премиерот Христијан Мицкоски при неговата работна посета на Брисел.

– Тоа го докажавме со тоа што во владината програма меѓу првите приоритети е членството на Република Северна Македонија во ЕУ, меѓутоа и со брзото усвојување на реформската агенда која што е дел од Планот за раст, рече Муртезани.

Според него, овој План за раст на Западниот Балкан, што го предложи Европската комисија, претставува рамка преку која ЕУ ги третира земјите од регионот слично како да се членки на Унијата, имајќи предвид дека износот на средства што ќе им биде на ставен на располагање е на ниво од речиси на 90 отсто од тоа што го добиваат државите од блокот.

– Ако ги додадеме и геополитичките случувања и приоритетот на ЕУ во политиката на проширување, сметам дека е одличен момент како земја брзо да чекориме кон полноправно членство во Европската Унија, нагласи министерот за европски прашања.

Муртезани, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински, го придружуваа премиерот Мицкоски на денешните средби во Брисел со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман. Претходно, премиерот заедно со останатите лидери од земјите од Западниот Балкан присуствуваше и на работен ручек со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Албанија годинава 1077 пожари, опожарени над 43,4 илјади хектари

Следно

Муцунски: Ќе продолжиме да работиме на патот кон ЕУ и да испорачуваме резултати

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop