Нови земјотреси во Турција

February 12, 2023
1 min read

Два земјотреса – еден со јачина од 4,7, друг со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала вечерва се регистрирани во порачјето на Турција кое пред неполни седум дека беше погодено од разорниот земјотрес од 7,8 степени. Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави дека ваквите силни последователни потреси се нормални по силни земјотреси и ќе траат со недели и месеци

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во областа на турскиот град Кахраманмарас, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Земјотресот е регистриран во 21:33 часот по локално време и е со епицентар на 21 километар од градот. Земјотресот бил на длабочина од два километри.

Вечерва земјотрес бил регистриран и во подрачјето на турскиот град Хекимхан. Земјотресот бил со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала, а бил регистриран во 19:29 часот по локално време. Потресот бил со епицентар на 13 километри од градот и на длабочина од три километри.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави дека ваквите силни последователни потреси се нормални по силни земјотреси и ќе траат со недели и месеци.

Турција пред неполни седум дена беше погодена од земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, кој беше почувствуван и во Сирија. Како последица на земјотресот, досега во двете земји се пријавени над 34 000 загинати, а илјадници други се повредени.

Само во Турција бројот на загинати достигна 29 605, а во Сирија досега се потврдени 4 574 загинати лица.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Гаши лут на Ковачевски: Брутално го раскинаа политичкиот договор со нас

Следно

Инстаграм фото: Напредува изградбата на телекомуникациската кула на Водно

Latest from Blog

Пресврт во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 е издадена за друг објект, покажуваат доказите

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Јавното обвинителство продолжи со изведување на докази кои се однесуваат на постапките во Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат. Пред судот беа презентирани записници, барања,

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и

СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ НЕШТО ПООПАСНО? Силни потреси во три различни делови од светот

Три силни земјотреси во ист ден ги погодија Јапонија, Венецуела и американската сојузна држава Калифорнија, предизвикувајќи загриженост и прашања дали овие настани се меѓусебно поврзани, пишува CNN. Во Јапонија беше регистриран земјотрес
Go toTop