Холивудските глумци со закон се заштитија од правење нивни копии со вештачка интелигенција

September 18, 2024
1 min read

Гувернерот на американската сојузна држава Калифорнија, Гевин Њусом потпиша закон којшто ги заштитува холивудските глумци и други изведувачи од можноста за користење вештачка интелигенција за создавање дигитални копии од ликот и гласот на лицето без негова согласност. Со тоа, Калифорнија е меѓу првите сојузни држави што воспоставија заштита од неовластена употреба на ВИ.

– Продолжуваме да се движиме низ непозната област во однос на тоа како ВИ и дигиталните медиуми ја преобразуваат забавната индустрија, но нашата ѕвезда водилка отсекогаш ги штитела работниците… Законот обезбедува развој на забавната индустрија, а истовремено ја зајакнува заштитата на работниците и начинот на којшто нивниот изглед може да се користи, или пак, не!, рече Њусом.

Инспириран од штрајкот на филмските работници и стравувањата дека студијата ќе користат ВИ којашто би ги заменила глумците, новиот Закон им дозволува на изведувачите во Калифорнија да се откажат од постоечките договори доколку нејасните договорни клаузули им дозволат на филмските студија непрописно да користат технологија за дигитално клонирање на гласот на изведувачот. Законот ќе стапи во сила во 2025 година.

Новиот Закон го оневозможува и дигиталното клонирање на починати изведувачи за комерцијални цели, без дозвола од нивните наследници или заштитниците на нивните права.

И сојузната држава Тенеси – колепката на американската кантри-музика во март донесе Закон што на сличен начин ги штити музичарите и уметниците.

Противниците на Законот, вклучувајќи ја и Стопанската комора на Калифорнија, велат дека новите закони најверојатно ќе бидат неспроведливи и ќе доведат до долги правни битки во судовите.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Со есенската кошничка Владата нема да ги замрзне цените во маркетите

Следно

Трајков: Секое македонско ќоше мириса на Македонија од Библијата

Latest from Blog

Собраниските комисии дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија денеска дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање, со што беше направен значаен чекор во процесот на усвојување

Ведат Муриќи се врати во Фенербахче

Интернационалецот од Косово, 32. годишниот Ведат Муриќи е нов играч на екипата на Фенербахче во трансфер вреден 15.5 милиони евра. Сума која што турскиот гигант ја плати на Мајорка, екипата за која

Трамп: Мораме да го вразумиме Нетанјаху

Опишувајќи го нивниот однос како „добар“, Трамп рече дека може да ги контролира израелските воени активности во Либан затоа што тамошните службеници прават што тој им кажува. Израел инсистира на контрола на
Go toTop