Папата Франциск: Се молиме и размислуваме како можеме да им помогнеме на жртвите од земјотресите во Туркије и Сирија

February 12, 2023
1 min read

ВАТИКАН (АА) – Поглаварот на Римокатоличката црква и Ватикан, папата Франциск, им оддаде почит на жртвите кои загинаа во разорните земјотреси во Туркије и Сирија и ги повика верниците и меѓународната заедница сите да размислат за тоа што би можеле да сторат за жртвите од катастрофата, известува Анадолу.

Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

Бројни спасувачки екипи сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

Папата Франциск и денес ја предводеше неделната молитва на познатиот ватикански плоштад „Свети Петар“, а во својот говор се осврна и на ситуацијата во Туркије и во северна Сирија, која е исто така погодена од земјотресите.

„Продолжуваме да бидеме со жртвите од потресите од Туркије и Сирија со молитви и конкретна поддршка“, рече папата Франциск.

Папата рече дека ги гледал потресните слики од подрачјата погодени од разорните земјотреси.

„Ги видов сликите на катастрофата и човечкото страдање. Се молиме за нив, да не ги заборавиме. Се молиме и размислуваме што можеме да сториме за нив“, порача папата.

Повикувајќи ги верниците во неделната молитва да не ја заборават ниту Украина, папата Франциск изрази желба во таа земја да се отворат патиштата на мирот и по тие патишта да тргнат одговорните луѓе кои можат да ја запрат војната.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 29.605 луѓе загинаа во земјотресите што ја потресоа Туркије

Следно

Да не чекаме нови земјотреси за да си ги подобриме односите, порачаа шефовите на турската и грчката дипломатија

Latest from Blog

Европската комисија препознава конкретни резултати во трансформацијата на македонската енергетика

Македонија остварува напредок во трансформацијата на енергетскиот сектор, пред сè преку забрзаниот развој на обновливите извори, проширувањето на организираниот пазар на електрична енергија и новите инфраструктурни поврзувања со соседните земји. Овие промени

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а
Go toTop