Филипче свика онлајн ЦО за во четврток, стартува постапката за Конгрес, Јон Фрчкоски нов директор на центарот за аналитика во СДСМ

September 17, 2024
1 min read

Лидерот на СДСМ Венко Филипче закажал седница во четврток на актуелниот Централен Одбор , онлајн. Според информациите на ТВ 24 сосатнокот нема да го води  досегашната претседавачка Славјанка Петровска. 

Според документите што се пратени до членовите Филипче ја стартува процедурата за нов Когрес, и ќе бара поддршка и овластување  за избор на комплетно нови делегати за Конгресот во ноември .

Од СДСМ велат дека ги користат современите алатки и затоа  првиот состанок на ЦО отккао Филипче е избран за лидер е онлајн, а не со физичко просуство. Дел од членовите на ЦО во тоа гледаат алиби за полесно да се обезбеди кворум и да се избегне  дебаклот со немањето кворум на минатиот Конгрес, кој пропадна поради тоа.

Новите делегати Филипче предага да имаат мандат од четири години,  а на претсојниот Конгрес ќе треба да се напарват и статутарни измени за да се продолжи и неговиот мандат .

Освен подготовките за Конгресот новиот лидер на СДСМ предлага да се разреши Стефан Богоев од директор на центраот за истаржување и на аналитика во СДСМ и да се именува Јон Фрчкоски, на негово место, син на амбасадорот во ОН во оставка Љубомир Фрчкоски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муцунски-Агелер: Сојузништво во НАТО останува столб за одбрана на заедничките демократски вредности

Следно

Бербок: Доколку Украина падне, Молдавија е следната

Latest from Blog

Катар: Иран премина многу црвени линии, нападите имаат катастрофални последици

Предупредувањето доаѓа во време кога војната меѓу САД, Израел и Иран продолжува без знаци на крај на повидок, објави Ал Џезира. Ал-Ансари на денешната прес-конференција изјави дека нападите на Иран врз Катар

Баражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по
Go toTop