Македонија е кандидат за домаќин на машкото ракометно ЕП 2034!

September 18, 2026
1 min read

Европската ракометна федерација, ЕХФ, објави дека 11 национални федерации изразија интерес за домаќинство на Европското првенство во 2034 година за мажи и жени, откако во средата заврши рокот за испраќање писмо за интерес до ЕХФ.

Машкото ЕП ќе се игра од 10 до 29 јануари 2034 година.

Заинтересирани да бидат организатори се: Австрија, Хрватска, Данска, Луксембург, Холандија, Македонија, Србија, Словенија, Шведска и Турција.

Сега 11-те федерации имаат рок до 1-ви март 2027 година да поднесат официјална понуда. Потоа понудите ќе бидат евалуирани, а Европското првенство во 2034 година ќе биде доделено на Конгресот на ЕХФ, кој ќе се одржи на 18-ти септември 2027 година во Љубљана, Словенија.

Инаку Европското првенство во 2034 година ќе вклучува и четвртфинални натпревари како дел од распоредот на натпреварите.

Следното ЕП за мажи ќе се игра во 2028 во Шпанија, Португалија и Швајцарија, во 2030 домаќини ќе бидат Чешка, Полска и  Данска, а во 2032 во Германија и Франција.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Следно

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop