Срамно: Студентите ја финансираат дигитализацијата на УКИМ

September 17, 2024
2 mins read

Како Универзитетско студентско собрание, ги разбираме предизвиците со кои се соочува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во справувањето со трошоците. Меѓутоа, сметаме дека најголемиот дел од овие финансиски трошоци не треба да се пренесат на студентите, туку треба да бидат покриени од страна на Министерството за образование и наука (МОН), Министерството за финансии, како и од останатите државни фондови.

Ова се вели во реакцијата на Универзитетското студентско собрание на УКИМ (УСС УКИМ) по најавата дека студенти на дел од факултетите на најголемиот државен универзитет ќе имаат зголемени трошоци при запишувањето на овој зимски семестар.

Мета.мк минатата недела објави дека УКИМ ги „усогласува“ давачките за студентите, што за некои студенти значи поголеми трошоци.

Ако минатата година студентите на Филозофскиот факултет во Скопје при запишување на зимскиот семестар, покрај партиципацијата, плаќале дополнителни 1.150 денари, од годинава ќе плаќаат 3.650, што претставува зголемување од 2.500 денари. Одредени зголемувања, според сознанијата на Мета.мк, има и на Економскиот и Правниот факултет.

Во насоките за запишување на новиот семестар што студентите на Филозофски ги добиле на мејл, покрај задолжителните трошоци од 750 денари за информатички, културни и спортски активности (ИКСА) и 100 денари за запишување и заверка на семестар, студентите забележале две нови точки по кои треба да извршат уплата: 2.000 денари за „онлајн ресурси за реализација на студиска програма“ и 800 денари за „Набавка на материјални ресурси за реализација на студиска програма“.

УСС УКИМ во својата реакција објавена денеска вели дека цените и трошоците не треба значително да се разликуваат од факултет до факултет.

„Дури и кога ќе се земе предвид фактот што секоја единица функционира на различен начин и располага со различни ресурси за секој студент, сепак потенцијалната ‘цена’ на процесот на дигитализација, за којшто студентите молат со години, не би требало значително да се разликува од факултет до факултет. Најмногу бидејќи се работи за јавен универзитет во којшто сите студенти се еднакви и рамноправни, без разлика на која индивидуална единица одлучиле да студираат. Ваквите постапки ги доживуваме како директен удар врз студентскиот стандард, кој толку макотрпно го градиме и воздигнуваме со години“, велат од УСС УКИМ.

Од таму сметаат дека е потребно трошоците за реализација на студиските програми и за работењето на универзитетот, во целост да се надоместуваат од државниот буџет.

„Единиците на универзитетот, заедно со ректоратот и студентските организации, битката за дополнително обезбедување на финансиски средства не треба да ја водиме со студентите (односно финансискиот товар да биде врз грбот на студентите), туку со институциите надлежни за финансирање на високото образование во земјата (согласно Законот за високо образование)“, стои во реакцијата на студентското собрание.

„Образованието мора да остане достапно за сите, без оглед на економските предизвици“, додаваат студентите.

Од УСС УКИМ предлагаат намалување на новонаметнатите трошоци за онлајн и материјални ресурси и изнаоѓање на алтернативни начини за финансирање, потоа Фонд за студенти од ранливи категории кој би овозможил овие студенти да бидат ослободени од дополнителните трошоци, како и електронска база на учебниците и скриптите, подобрени инфраструктурни и хигиенски услови и друго.

Од студентското собрание бараат да се унифицираат и дополнителните трошоци на кои се изложени студентите на различни факултети, како и обезбедување на унапреден буџет за факултетските студентски собранија како официјални застапници на студентите пред повисоките органи.

Од МЕТА.мк

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: На ТОАРИЛУЦ се правеле набавки без план за да профитира раководството од СДС и ДУИ, ја оставиле Клиниката на цедило без основни медицински средства

Следно

Костадиновски-Вал: Уставниот суд во приоритетите за соработка на ОБСЕ

Latest from Blog

На Клиниката за трауматологија изведени четири операции на р’бетен столб кај деца што биле на листа за упатување во странство

Во спиналниот центар на Клиниката за трауматологија при Клинички центар Скопје, минатата недела беа изведени четири операции на р’бетен столб кај деца со сколиоза кои што биле на листата за упатување во

Средба Гаши – Курти: Двете држави споделуваат заедничка визија за стабилен Западен Балкан

Собраниската делегација предводена од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, која престојува во официјална посета на Република Косово оствари средба со претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти.

Бугарите од Македонија: Нашето вклучување во Уставот на РСМ не може да се опише како „уцена“, „диктат“ или „пречка“ за европската иднина на земјата

Македонските Бугари до ЕУ, ЕП и властите во Софија: Не тргувајте со нашите права, Скопје не користи за да го уништи патот кон Европа Не дозволувајте бугарската заедница кај нас да стане

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички, ДУИ правеле дваесетина буџети и не покажале демократски капацитет

Денес во Собранието на амандманската расправа за предлог буџетот за 2025 година во Комисијата за финансирање и буџет се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски којшто посочи дека поднесените амандмани од опозициските

Предизвикувањето пожар во Комората е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во државата

Адвокатската комора на Република Македонија најостро го осудува насилниот напад кој се случи ноќеска, на 25 ноември 2024 година, околу 3:30 часот по полноќ, кога непознато лице насилно влегло во Комората и
Go toTop