Бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, усно изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол и побарано дополнително објаснување

September 16, 2024
1 min read

Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков, кој попладнево беше повикан во македонското МНР поради дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Румен Радев во Софија, одбил да ја прими протестната нота. Како што, потврдуваат за МИА од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, со чија содржина бил запознаен усно од страна на директорот што го водел разговорот.

Од МНРНТ, претходно преку соопштение информираа, дека во Министерството денеска бил повикан амбасадорот Радуков, каде била изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата Претседатели, при што дополнително е побарано објаснување од бугарската страна.

– Во разговорот со бугарскиот амбасадор беше потенцирано дека средбата и заедничкиот ручек на двајцата претседатели поминале во пријателска атмосфера. Дополнително, на амбасадорот Радуков му беше укажано дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е непријатно изненадено од последната изјава на амбасадорот Ангел Димитров, претседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, дадена во емисијата „Офанзива со Љубомир Огњанов“ на НОВА Вести. Изјавата во основа го нарушува начелото дека претседавачот на експертската комисија не треба да дава политички изјави за Владата на соседна држава, која е легитимно избрана. Сметаме дека оваа изјава е несоодветна и непримерна, се вели во соопштението од МНРНТ.

На средбата во МНРНТ, на амбасадорот Радуков, исто така, му било пренесено дека Република Северна Македонија и понатаму останува посветена на позитивен развој, унапредување и зајакнување на билатералните односи и соработката во сите области од заемен интерес за двете држави и нивните народи, за што беше потврдена подготвеност и од другата страна.

Заради фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска Давкова на средбата завчера во Софија, од македонска страна беше најавена протестна нота до бугарскиот амбасадор во земјава Желјаско Радуков. Демаршот на бугарскиот амбасадор, како што информираат извори од МНРНТ, ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот.

Средбата на Радев и Сиљановска Давкова беше дел од активостите на македонската претседателка при посетата на Софија по повод присуство на настапот на македонската опера во Софија со „Набуко“, како чекор од културната дипломатија. Во македонската делегација беа и министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и за култура Зоран Љутков.

Новоименуваниот амбасадор на Бугарија Желјаско Радуков и ги предаде акредитивните писма на претседателката Сиљановска Давкова на 10 септември, заменувајќи го досегашниот амбасадор Ангел Ангелов.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се зголемува таксата за отпорност на климатски кризи во туристичките објекти во Грција

Следно

Најнеобичните гинисови рекорди во светот

Latest from Blog

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА БАРААТ ЕУ ДА ГО ПОЧИТУВА НАШИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ

Централниот совет на Македонците во Германија со седиште во Берлин поднесе формална жалба до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поради тешки повреди на основните договори на Европската унија во рамките на

СПЦ го разреши Јустин – шест владици гасале против

Митрополитиот Жички Јустин е разрешен на Светиот архијерејски собор на Српската православна црква, објави вечерва порталот Нова.рс, повикувајќи се на свои извори од Сободот. За смената на митрополитот жички Јустин гласале 27

Ц. Звезда ќе го продаде напаѓачот за 4,3 милиони евра

Напаѓачот на белградска Црвена Звезда, Даглас Овусу, ќе направи трансфер во чешка Викторија Плзен. Како што објавија српските медиуми, Ц. Звезда за него ќе заработи 4,3 милиони евра. Вкупната вредност на трансферот

Кралот Чарлс шокиран и тажен поради смртта на војникот од елитната коњичка единица

Кралот бил „многу шокиран“ и „тажен“ кога дознал за смртта на војникот  , изјави портпарол на Бакингемската палата. Војникот бил дел од кралската трупа, кралската коњска артилерија и паднал околу 19 часот

Димитриеска – Кочоска: Продолжени мерките за поевтини горива до 1 јуни

Владата на денешната вонредна седница донесе одлука за продолжување на мерките за намалување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година. Ова на својот фејсбук
Go toTop