МИНЕВСКИ, АНЧЕВСКИ, ЦРВЕНКОВСКА, КАПУШЕВСКА-ДРАКУЛЕВСКА И УРОШЕВИЌ СЕ ДОБИТНИЦИ НА ГОДИШНИТЕ НАГРАДИ НА ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИ ЗА 2023

September 16, 2024
1 min read

Блаже Миневски, Зоран Анчевски, Билјана С. Црвенковска, Лидија Капушевска-Дракулевска и академик Влада Урошевиќ се годинашни добитници на традиционалните годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) за 2023, соопшти претседателот на ДПМ, Живко Грозданоски на денешната прес-конференција.

Миневски е добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга, за романот „Ако се родат некакви чувства“ , во издание на „Матица“. Наградата беше доделена од жири-комисијата во состав Гордана Јовиќ-Стојковска (претседателка), Оливера Ќорвезироска и Стефан Марковски (членови).

Анчевски е добитник на наградата „Ацо Шопов“ за најдобра збирка поезија за делото „Коњски житија“ од Зоран Анчевски, во издание на „Арс Ламина“. За наградата одлучуваше жири-комисијата во состав: Елена Пренџова (претседателка) и членовите Снежана Стојчевска и Зоран Јакимоски.

Добитник на наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади за 2023  делото „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана С. Црвенковска, во издание на „Чудна шума“. Ова дело е напишано според идеја на пијанистот Симон Трпчески и  Црвенковска, а е илустрирано од Оливер Коларевски. За наградата „Ванчо Николески“ одлучуваше тричлена жири-комисија во состав: Сузана Мицева (претседателка), Наум Попески и Стево Симски.

Наградата „Димитар Митрев“ за 2023  ја добива книгата „Птици во аквариум: надреализам, 1924-2024“, од Капушевска-Дракулевска и академик Урошевиќ, во издание на „Полица“. Наградата „Димитар Митрев“ ја додели тричлената жири-комисија во состав: Иван Додовски (претседател), Соња Стојменска-Елзесер и Елизабета Бандиловска.

„Поради недоволен број пристигнати конкуренти (пристигнати се две дела, а потребно е да има најмалку три дела во конкуренција за која било од годишните награди на ДПМ да се додели), оваа година нема да биде доделена наградата ‘Мост’, со која се одликува дело напишано на јазик на некоја од националностите во Македонија“, кажа Грозданоски.

Наградите од писателската фела ќе бидат доделени на 18 септември, во 19 часот во Друштвото на писателите.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како порано се одело во војска – Се правел банкет и на испраќање доаѓале и соседите

Следно

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР, еве што беше предочено

Latest from Blog

Божиновска: Поддршка за средношколците кои создаваат решенија за зелена иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави поддршка и покровителство од страна на Министерството за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации наменет за средношколци. Божиновска ја

Општина Битола: 500 ученици во знак на спортот и здравиот живот

Околу 500 ученици од основните и средните училишта во Битола денеска учествуваа на „Есенскиот крос“, кој се одржа во Градскиот парк во Битола. Масовниот спортско-рекреативен настан им овозможи на учениците да се

Започнува Евролигата: Sвезда го пречекува Жалгирис, шампионот гостува во Баскија (Фото)

Најквалитетната кошаркарска лига во Европа вечерва ќе го има својот старт, а интересно, првиот меч снема да се одигра на „старион континент“, туку во Азија. Дубаи во „Кока Кола Арената“ ќе го
Go toTop