И покрај падот на температурите и дождовите бројот на пожари на отворено не се намалува

September 16, 2024
1 min read

И покрај падот на температурата за околу 15 степени и дождовите што заврнаа, бројот на пожари и интервенции на отворен простор воопшто не се намалени. За жал се уште сме сведоци на неодговорно и несовесно однесување на група граѓани, информираа од ТППЕ Струмица, откако во изминатите три денови гаснеа четири пожари на отворено.

Како што информираа струмичките пожарникари, вчера утрото во 05:20 часот на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ била запалена помошна просторија. Спречено е ширење на пожарот на куќата и поголема материјална штета, а во 13:00 часот во атарот на село Вељуса била запалена нискостеблеста шума и сува трева.

За време на викендот била запалена нискостеблеста шума и сува трева во атарот на село Рич и нискостеблеста и борова шума во близина на браната „Водоча“. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бердих е нов селектор на чешкиот Дејвис куп тим

Следно

Американски медиуми: Престрелка во близина на Доналд Трамп, тој е безбеден и не бил во опасност

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop