Билансот за загинати Палестинци во израелските напади во Газа надмина 41.200

September 15, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Немилосрдните израелски напади однесоа уште 24 животи во Појасот Газа, со што вкупниот биланс на загинати Палестинци од 7 октомври минатата година порасна на 41.206, објави денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу.

Министерството додаде дека досега во нападите повредени се околу 95.337 Палестинци.

„Израелските сили убија 24 лица, а повредени се 57 лица во три масакри на семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.

Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на палестинската група Хамас минатиот 7 октомври, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на итен прекин на огнот.

Израелските напади го раселија речиси целото население на територијата, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел се соочува со обвинувања за геноцид за неговите дејства во Газа пред Меѓународниот суд на правдата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МНР утре ќе го повика бугарскиот амбасадор за фотографијата на Радев и Сиљановска Давкова

Следно

УЕФА ја предупреди Англија дека може да го изгуби ЕП 2028

Latest from Blog

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува

Коњановски: Телефоните на страна за време на наставата во битолските училишта

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во основните и средните училишта во општината, која беше усвоена од Советот на Општина Битола. Коњановски посочува дека
Go toTop