УЕФА ја предупреди Англија дека може да го изгуби ЕП 2028

September 15, 2024
1 min read

УЕФА ја предупреди владата на Обединетото Кралство дека Англија ризикува да ја изгуби организацијата на Евро 2028 доколку премиерот Кир Стармер продолжи со плановите за формирање регулатор во машкиот фудбал, објавија британските медиуми.

Во писмото до министерката за култура Лиза Нанди, добиено од „Тајмс“ и „Би-Би-Си“, генералниот секретар на УЕФА, Теодор Теодоридис, вели дека не треба да има „владино мешање во водењето на фудбалот“.

Според писмото, Теодоридис предупредил на плановите наведени во говорот на кралот да му се даде на новиот регулатор овластување да ги надгледува клубовите во најдобрите пет лиги во Англија, велејќи дека независноста на играта е „фундаментален услов“.

-Една посебна област на загриженост произлегува од едно од основните барања на УЕФА, а тоа е дека не треба да има мешање на владата во водењето на фудбалот. Имаме конкретни правила за да го спречиме тоа за да обезбедиме автономија на спортот и интегритет на спортското натпреварување. Санкција за која ќе биде исклучување на федерацијата од УЕФА и тимовите од сите турнири, се додава во писмото.

Претходната влада најави планови за назначување регулатор минатата година, велејќи дека е неопходно да се заштитат клубовите од финансиско лошо управување и да се запрат обидите на богатите тимови да се приклучат на новоформираните турнири.

УЕФА не одговори на барањето за коментар.

Англија, Северна Ирска, Ирска, Шкотска и Велс се заеднички домаќини на Европското фудбалско првенство во 2028 година. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Билансот за загинати Палестинци во израелските напади во Газа надмина 41.200

Следно

Запалени три возила во Расадник

Latest from Blog

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува

Коњановски: Телефоните на страна за време на наставата во битолските училишта

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во основните и средните училишта во општината, која беше усвоена од Советот на Општина Битола. Коњановски посочува дека
Go toTop