Турскиот потпретседател и министерот за надворешни работи на погребот на активистката застрелана од израелската војска

September 14, 2024
1 min read

АЈДИН (АА) – Турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз и турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес присуствуваа на погребот на турско-американската активистка, Ајшенур Езги Ејги, која беше смртно застрелана од израелските војници на окупираниот Западен Брег на 6 септември, јавува Анадолу.

На комеморацијата во крајбрежниот град Дидим, во егејската област Ајдин, присуствуваа и неколку високи турски претставници, меѓу кои и претседателот на Парламентот, Нуман Куртулмуш, министерката за семејство и социјални услуги, Махинур Оздемир Ѓокташ, министерот за правда, Јилмаз Тунч, и министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Озгур Озел, челникот на главната опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) и лидерот на Партијата на иднината, Ахмет Давутоглу, исто така беа присутни на погребната церемонија.

Настанот собра претставници од различни политички партии и сектори, покажувајќи единство при трагедијата.

– Смртно застрелана за време на мирен протест –

Пред нејзината смрт, Ејги отпатувала на Западниот Брег за да го поддржи палестинскиот отпор против израелската окупација, според извештаите на Меѓународното движење за солидарност.

На 3 септември, Ејги отишла да набљудува протест во градот Бејта во Наблус, и да застане против илегалните еврејски населби таму.

Движењето објави дека на 6 септември Ејги била намерно земена за цел и убиена од израелски снајперист позициониран на блискиот покрив.

Очевидци изјавија дека кога била застрелана од снајперистот, Ејги била далеку од зоната на протестите. Таа беше пренесена во палестинска болница, но и покрај максималните напори на лекарите не можеше да се спаси.

Турските дипломатски мисии во Тел Авив и Ерусалим (КУДС) го координираа трансферот на нејзиното тело од Тел Авив во Баку, Азербејџан, а потоа и до Туркије.

Турските власти го примија телото на Ејги во петокот и го транспортираа до Судската медицина во Измир на обдукција.

Туркије во четвртокот започна истрага за убиството согласно домашното право.

Обдукцијата покажа дека куршумот влегол низ пределот на долниот дел на увото.

Ејги беше застрелана во главата за време на мирен протест, која потоа почина во болницата.

Обдукцијата на Судската медицина во Измир покажа дека причината за нејзината смрт е фрактура на черепот, крварење на мозокот и оштетување на мозочното ткиво. Имало влезна рана од куршум но нема излезна рана, се анализираат металните фрагменти од куршумот. Процедурата за тоа е во тек.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Нема да одиме таму каде што сака да не поведе деструктивната опозиција

Следно

ДУИ: Неспособноста на ВЛЕН ги уништува националните достигнувања на Албанците

Latest from Blog

Скопје има 213 пожарникари, недостигаат 171

На Скопје му недостигаат 171 пожарникари, предупреди командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски. Според законските стандари, главниот град треба да има 384 а сега располага со 213 пожарникари. „Недостигот на вработени е

Астон Вила ја освои ЛЕ: Емери го донесе трофејот и во Бирмингем (ВИДЕО)

Фудбалерите на Астон Вила се нови освојувачи на трофејот во Лигата на Европа. Поранешниот европски шампион сега додаде трофеј во второто најважно европско натпреварување на своите витрини и докажа дека оваа е

Мишел Обама: Луѓето гласаа за Трамп затоа што не знаеја што друго да прават

Поранешната прва дама во неодамнешното појавување во подкаст изјави дека била „разочарана“ кога Доналд Трамп победи на изборите во 2016 и 2024 година, пишува „Унилад“. Поранешната прва дама, која помина осум години

Средба Ахмети-Рокас: „Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ“

Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михаил Рокас, на која се разговараше за актуелните политички случувања
Go toTop