Челникот на турски МИТ, Калин, во Анкара се сретна со лидерите на Хамас

September 13, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Директорот на Националната разузнавачка агенција (МИТ) на Туркије, Ибрахим Калин, денеска во Анкара разговараше со челниците на Политичкото биро на Хамас за најновата ситуација во преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Палестина, јавува Анадолу.

Според информациите добиени од безбедносни извори, на состанокот на челникот на МИТ, Калин, со челниците на Политичкото биро на Хамас се разговарало за прашања како што е финалната точка во преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Палестина и размената на заробеници.

Разговарано е за конкретните чекори што може да се преземат за да се обезбеди траен прекин на огнот во Газа, каде што се одвива хуманитарна трагедија, и за доставување на поголема количина хуманитарна помош во регионот.

Истакнат е конструктивниот и позитивниот став на Хамас во преговарачкиот процес, и нагласено е дека израелското воведување нови услови во текстот на предлогот, кој е поддржан и со резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), го отежнува процесот на воспоставување прекин на огнот.

Нагласено е дека МИТ продолжува да одржува контакти со страните и сите релевантни актери за обезбедување прекин на огнот.

МИТ презема важна улога во овој процес и води интензивна дипломатија со сите актери, особено со високото раководство на Хамас, Израел, Египет, Катар и Соединетите Американски Држави (САД).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Менаџерот на Брајтон е најдобриот тренер во Премиер лигата за месец август

Следно

ФОТО: Грчки нуркачи го чистеа морето кај Солун, не можеле да поверуваат што пронашле

Latest from Blog

Општина Битола: Градот влегува во нова развојна ера со 180 проекти

Општина Битола објави преглед на реализацијата на 180 проекти наменети за развој и унапредување на градот. Според податоците прикажани во општинскиот инфографик, досега се завршени 62 проекти, што претставува 34 проценти од

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се реализира според планот, приходите пораснаа за 8 отсто

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова и директорот на Царинската управа Бобан Николовски, на која беше разгледана тековната реализација на

Македонскиот рубин пред меѓународна промоција, се подготвува сертификат за неговото потекло

Македонскиот рубин влегува во нова фаза на заштита и меѓународна промоција, со подготовка на систем за сертификација и утврдување на јасни критериуми за неговото потекло и автентичност. Министерството за енергетика, рударство и
Go toTop