Стоилковски: Новите министри и заменици на Ковачевски се „Пазар 3“ листа продолжување на криминал

February 12, 2023
2 mins read

Предлог листата за нови министри и заменици во владата е вистинска „Пазар 3“ листа за спас на владата на Ахмети и Ковачевски, продолжување на рокот за криминал, тендери, кризи и порази за Македонија. Ковачевски меѓу другото мора да ги образложи предлозите, но не смее да изостави, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој прашува дали за министер за правда го предлага Кренар Лога, брат на Крешник Лога со кривична пријава за убиство на Дилавер Бојку, од 2020 година, за убиство и убиство во обид?

-Ковачевски мора да објасни и како за заменик министерка за правда ја предлага Викторија Аврамовска-Мадиќ кога за неа има поднесено кривична пријава до ОЈО за злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата, тешка 75 илјади евра, но и да објасни како додека таа е генерален секретар на Скопје, зетот од сестра добива над 4 милиони евра, како познатите скали од фирмата Армор Плус?

И овие двајца треба да го водат министерство за правда и да ја исправат довербата од јавноста од само 3%?

Сектор здравство, Ковачевски треба да објасни дали за министер за здравство го предлага Фатмир Меџити, и дали е тоа истиот доктор кој што е конфликтен, корумпиран, дали е поврзан со скандали со шверц на лекови, претседател на УО на ФЗОМ во време на скандали, а функцијата ја добива само заради кумашинската врска со Арбен Таравари?

Ковачевски треба да каже дали Маја Манолева што ја предлага за заменичка за здравство е истата Маја Манолева, којашто не ги почитува антикорупциските норми и ДКСК мораше јавно да ја повикува дека додека е директор на ЈЗУ „Завод за фисикална медицина“ не може да има приватна установа „Физиоплус др. Манолева“- и дали немало повеќе од судир, препраќање на пациентите од јавно во приватното семејно здравство? Притоа, е и потпретседател на Лекарската Комора.

Кога станува збор за одбраната, Ковачевски мора да каже дали е по НАТО стандарди да предлага човек којшто демонстрирал за Илирида? Односно, да каже и дали Тирон Јајага кого го предлага за заменик на Славјанка „Стани Цаци“ Петровска бил вратен во Македонија од мисијата во Брисел заради учество на протест за Илирида додека е член на мисијата во НАТО, а по смена на власта во 2017 бил помилуван за случајот?

Ништо поразлично не е ако се прочепкаат и другите предложени имиња од Ковачевски, како Каја Шукова за министерка за животна средина, која што и во 2020 во име на СДС ветуваше чист воздух, мерки, за сега дури и Берово е загадено!

Новата заменичка во земјоделство Вјолца Бериша таа треба сама треба да објасни дали се помирила и ги заборавила загинатите во пожарот во модуларната болница за што ги обвинуваше токму СДС и ДУИ, и држеше пресови во кои порачуваше „ние нема да дозволиме рециклирање на измами и нема да ги заборавиме починатите во пожарот“. Очигледно, до министерско столче!

Ковачевски треба да објасни и за мотивите за предлог на новиот заменик министер за образование, дали сега со полициски методи Агим Нухиум ќе го утишува револтот во образованието од немање учебници и другите поразителни скандали и зафати?

И почитувани на крајот Ковачевски би требало да каже дали токму референцата дека бил советник на премиер во влада на ВМРО-ДПМНЕ, е пресудна за да Азир Алиу биде поставен за министер за администрација?

Почитувани, од се погоре е јасно дека во овој избор на нова влада со рок од неполни 10 месеци, Македонија во услови на енергетска, економска, финансиска, должничка, криза нема да добие никаков квалитет туку единствено се пополнуваат редовите во Собрание за задржување на тенкото мнозинство! Причина за тоа се тендерите, договорите во четири очи и обид да се избега од правдата, вели Стоилковски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анонимен Пакистанец донирал 30 милиони долари за настраданите од земјотресот во Турција

Следно

Уште еден млад спортист го загуби животот во земјотресот во Турција

Latest from Blog

“Перез ѝ помогна на Барса со 400 милиони евра!“

ФОТО: Real Madrid FC/X И тоа како се загрева атмосферата во пресрет на претседателските избори во Реал Мадрид. И дефинитивни Енрике Рикелме го нападна Флорентино Перез. Бизнисменот кој е сериозен противкандидат на

Канада бара обновување на северно американскиот трговски договор

Во соопштение објавено во вторник, канадскиот министер за трговија Доминик Лебланк побара договорот да биде продолжен за уште 16 години, опишувајќи го како „исклучително корисен“ за сите три земји. Овој потег доаѓа

Пендаровски потврди дека на Водно се разговарало и за Груевски: Реков дека немам намера да го помилувам

Поранешниот претседател Стево Пендаровски јавно потврди дека во претседателската вила на Водно се одржала средба меѓу претставници на тогашниот државно-политички врв и највлијателните амбасадори, на која се разговарало и за експремиерот Никола

Тилеманс и Лукаку ја “решија“ Хрватска!

ФОТО:.facebook.com/cff.hns/ Вечерва во Ријека, во пријателски натпревар, Хрватска беше поразена од Белгија со 0:2. Стрелци на головите беа Тилеманс во 38.минута и Лукаку во 90+6.минута. Ова беше и за двете селекции претпоследна
Go toTop