Димитриеска-Кочоска на „Охрид 2026“: Фискалната дисциплина не значи откажување од развојот, стабилноста и растот мора да се градат заедно

September 10, 2026
1 min read

10 септември 2026, Скопје – Глобалното оpкружување останува исклучително сложено. Геополитичката неизвесност, повисоките цени на енергијата, ограничувањата во глобалната трговија и построгите финансиски услови остава директни последици врз економиите од Западен Балкан, но и врз фискалниот простор за одговор на секој нов шок.

Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во воведното обраќање на Регионалната конференција „Охрид 2026“.

„Една од најважните лекции од последните години е дека фискалниот простор мора да се создава пред да биде потребен. Фискалната отпорност не се гради во моментот кога кризата ќе започне. Таа се гради претходно, преку одговорно управување со јавните финансии, постепено намалување на дефицитот, внимателно управување со јавниот долг, подобра наплата на приходите и повисок квалитет на јавната потрошувачка. Тоа е и пристапот што Република Македонија го следи во својата среднорочна фискална политика“, рече министекрата.

Таа додаде дека во време на континуирана неизвесност и мултиполарна фрагментација, како и зголемен јавен долг како резултат на фискалната поддршка за време на пандемијата и енергетската криза, балансирањето помеѓу реалните потреби и можности е вистински предизвик за јавните финансии и затоа Владата избра пат на постепена и одговорна фискална консолидација, со истовремена посветеност на надминување на слабостите од минатото во планирањето и управувањето со јавните инвестиции.

Министерката се осврна на тоа дека фискалната консолидација не смее да биде механички процес на намалување на расходите, а ефикасноста на наплатата на приходите не треба да  произлегува од зголемување на товарот на оние кои веќе редовно ги исполнуваат своите обврски.

Потенцира дека на економиите од регионот им се потребни повисоки стапки на раст, којшто клучно  е да не се темели само на поголема потрошувачка, туку да биде воден од продуктивноста. Според министерката треба да се стави силен акцент на стратешките инвестиции во инфраструктурата и енергетиката, особено ако се имаат предвид климатските промени, кои оваа година особено го погодија европскиот континент.

„За земјите од Западен Балкан, стабилноста и растот не се спротивставени цели.Тие мора да се градат заедно. Фискалната дисциплина не значи откажување од развојот. Инвестициите не значат занемарување на долгот. Социјалната заштита не значи трајно зголемување на неефикасните расходи. Доколку треба да ја сумирам политиката што ја следиме во Македонија, би ја свела на четири принципи: стабилност, отпорност, инвестиции и продуктивност. Некои од нашите земји денес можеби се надвор од еврозоната. Но, тие не се надвор од европската економска реалност. Затоа нашата одговорност е да изградиме јавни финансии кои ќе бидат доволно стабилни да ги апсорбираат шоковите, но и доволно флексибилни да го поддржат развојот“, истакна Димитриеска-Кочоска и порача да создадеме економии кои нема само да реагираат на кризите што доаѓаат однадвор, туку ќе имаат сопствен капацитет за раст.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Крај на една ера: Аргентина ќе мора и без Скалони?!

Следно

Божиновска: Македонија има минерален потенцијал кој мора научно да го истражиме и ставиме во функција на развојот

Latest from Blog

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата
Go toTop