Акција на ОЈО и МВР: Претреси во дом и фирми во Струмица, Скопје и Гостивар

September 12, 2024
1 min read

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција велат дека  по доставено известување од страна на МВР за сознанија до кои дошла УЈП, оформиле предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“ по член 279 „даночна измама“ по член 279-а и „перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 од Кривичниот законик на група субјекти.

Освен што има претрес во фирми, заради прибирање докази, полицијата и инспекторите влегле и во дом и други простории на повеќе локации.

Полицијата и инспекторите координирано со истражители од Лабораторијата за дигитална форензика при истражниот центар на основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција при претресите обезбедиле бројна документација и електронски записи што ќе бидат предмет на  обработка и анализа со цел обезбедување материјални докази за потребите на водењето на понатамошната кривична постапка.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Можеби последен пат играм во Србија“ – Ѓоковиќ ги повика навивачите за мечот со Грција

Следно

Агелер за црната листа на САД: Се разгледуваат голем број на случаи и повеќе имиња се под проверка

Latest from Blog

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува

Коњановски: Телефоните на страна за време на наставата во битолските училишта

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во основните и средните училишта во општината, која беше усвоена од Советот на Општина Битола. Коњановски посочува дека
Go toTop