На протест во Косовска Митровица Вучиќ обвинет за предавство

January 8, 2023
1 min read

Неколку десетици граѓани денеска протестираа во северниот дел на Косовска Митровица и го обвинија српскиот претседател Александар Вучиќ за „предавство“, а претставници на Српската листа за „неконтролирано богатење“, јави БЕТА.

Учесниците на протестот го прашаа Вуќиќ „зошто молчи“ за присуството на единиците на косовската полиција РОСУ во северниот дел на Косово и формирањето на војската на Косово, доколку, како што наведоа, тоа е спротивно на Уставот на Србија и резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

– Ако е незаконски, зошто молчиш Вучиќ – праша Небојша Јовиќ од Движењето за одбрана на Косово и Метохија, еден од организаторите на денешниот протест.

Тој побара од Вучиќ да ги „замрзне“ понатамошните преговори со Приштина додека единиците на РОСУ не се повлечат од северно Косово.

– Бараме сите уапсени Срби да бидат ослободени и албанскиот суд и полиција да немаат никакви овластувања да ги судат и апсат Србите на Косово и Метохија бидејќи тоа е спротивно на Уставот и Резолуцијата 1244. Бараме враќање на судот на УНМИК и на УНМИК полиција – посочи Јовиќ.

Тој побара и формирање на „координативно тело“ на Србите од Косово и Метохија, бидејќи, како што рече, Српската листа „не може“ да ги претставува.

Јовиќ, исто така, побара „итно враќање“ на српските институции на Косово и го покани патријархот на Српската православна црква, Порфириј да дојде во „својата куќа, во Пеќката патријаршија и да ја сподели својата судбина со својот народ“.

Учесниците на протестот носеа транспарент со натпис „Вучиќ, Космет не те сака, ти не предаде – не ги сакама ниту твоите ЗСО, ти не продаде“, а митингот помина без инциденти.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ахмети удри на песна: „Изгуби го чуварот, изгуби го семето, ајде да тргнеме понапред од злото“

Следно

Брнабиќ: Ќе бараме дополнителни безбедносни гаранции за Србите на Косово

Latest from Blog

Трамп: Би сакал да видам обединета Ирска

За време на средбата со ирскиот премиер на имотот Фармли во Даблин, американскиот претседател рече дека обединета Ирска би била „големо признание за сите“. „Како би можело тоа да биде лошо?“, праша

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа. На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна

Проданоски: ГФК Победа е симбол на нов почеток за прилепскиот спорт

Денес започнува ново поглавје за прилепскиот фудбал, со првиот официјален натпревар на ГФК Победа – Прилеп, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој изрази поддршка за иницијативата и за сите кои
Go toTop