Филипче: Законот за бранители им излегува во пресрет на на луѓето, нема етничка димензија

September 12, 2024
1 min read

Законот за бранители излегува во пресрет на реалните потреби на преживеаните бранители, на тие со инвалидитет и на семејствата кои што имаат загинати бранители,  изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање на денешната прес- конференција. 

„Овој Закон е со цел да им се излезе во пресрет на реалните потреби и на барањата и тие луѓе кои имаат инвалидитет, на преживеаните  и на семејствата коишто имаат загинати бранители. Сметам дека се што може да направиме во интерес на граѓаните и задоволување на нивните реални потреби ние го правиме и ќе го правиме и понатаму. Тука воопшто нема никаква димензија на некаква меѓуетничка поделба или подгревање на меѓуетнички тензии“, потенцираше претседателот на СДСМ и пратеник Венко Филипче.

На прашање во врска со реакциите на албанскиот политички блок дека Законот не задоволува и потреби на граѓаните Албанци и Филипче посочи дека пратеничката група на СДСМ и коалицијата е подготвена да разговара за сите аспекти, ако има потреба да се отвори и дебата на комисиската расправа со цел да се расчистат сите дилеми и доколку има потреба да се преземат дополнителни чекори за потребите на граѓаните.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ се почитува, инспекторите остануваат на терен

Следно

ПОД ИТНО МОРА ДА НАЈДЕМЕ ПАРИ ЗА ОПРЕМА И ЗА ВРАБОТУВАЊE КОНЗЕРВАТОРИ НА КУЛТУРТНОТО БОГАТСТВО, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ ЉУТКОВ

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop