Мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ се почитува, инспекторите остануваат на терен

September 12, 2024
1 min read

Според информациите од терен, мерката мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ се почитува од страна на трговците. Инспекторите ќе продолжат со надзорот за да обезбедат целосно почитување на мерката низ целата држава, информираше министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Министерот Дурмиши заедно со заменик министерот Марјан Ристески и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, денеска ги посетија книжарниците „Просветно дело“ и „Алби“ во Скопје за да проверат како се применува мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“.

– Денеска заедно со инспектори од Државниот пазарен инспекторат дојдовме и посетивме две книжарници во Скопје за да видиме како се применува оваа мерка. Како што можете да забележите и вие, цените на школскиот прибор кој беше утведен во нашата листа има драстично намалени цени. Инспекторите ќе продолжат со својот надзор на терен сè со цел да обезбедиме целосно почитување на мерката не само тука во главниот град, туку и низ целата држава кажа министерот Дурмиши по посетата на книжарниците.

Оваа мерка, која беше воведена минатата недела, предвидува замрзнување на маржата на училишниот прибор на 10 проценти во трговија на мало и на 5 отсто во трговија на големо, со цел да се намалат цените и трошоците за семејствата со ученици.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турско МНР: Телото на Ејги, која беше убиена од израелски војници, се очекува утре да биде донесено во Туркије

Следно

Филипче: Законот за бранители им излегува во пресрет на на луѓето, нема етничка димензија

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop