Борел огорчен од убиството на персоналот на УНРВА во израелското бомбардирање на училиште во Газа

September 12, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика, Жосеп Борел, денес ја изрази својата огорченост по убиството на шестмина хуманитарни работници во израелското бомбардирање на училиште со кое управуваат Обединетите нации (ОН) во Газа, јавува Анадолу.

Најмалку 18 луѓе се убиени вчера во два израелски напади на училиштето „Ал-Џауни“, во кое се засолниле 12.000 протерани цивили, во бегалскиот камп Нусејрат, објавија локалните власти за здравство.

Во соопштението се наведува дека околу 6 вработени на Агенцијата на Обединетите нации (ОН) за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) биле меѓу жртвите на израелскиот напад, вклучувајќи го и шефот на засолништето на УНРВА во тоа подрачје.

Жозеп Борел на социјалната мрежа Х потсети дека Израел извршил пет напади врз училиштето во Нусејрат, кое им дава заштита на раселените лица.

Тој нагласи дека како меѓународна заедница не можат и не смеат да го прифатат непочитувањето на основните начела на меѓународното хуманитарно право од страна на Израел, особено околу заштитата на цивилите.

Израел систематски спроведува брутални напади со неселективно бомбардирање на цивилните населби, училишта, верски објекти и болници во текот на актуелната офанзива врз Појасот Газа што ја започна на 7 октомври.

Според правилата на војување, гаѓањето такви цивилни објекти може да претставува воено злосторство.

Минатиот месец најмалку 100 луѓе се убиени, а десетици беа повредени во израелскиот напад на училиштето „Ал Табаен“ во кое беа засолнети повеќе од 6.000 раселени лица.

Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Појасот Газа од октомври минатата година и покрај резолуцијата на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

Повеќе од 41.000 лица се убиени, главно жени и деца, а над 95.100 се повредени во израелските бомбардирања и гранатирања, објавија палестинските здравствени власти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муцунски во работна посета на Кралството Шпанија

Следно

Двајца кандидати во игра за селекторското место на Србија

Latest from Blog

Интер со шампионска лекција за Лацио

И покрај фактот што тимот на Интер ја освои шампионската титула сезонава во Серија А, тоа не значи дека овој тим нема потреба повеќе да победува. Напротив, предмалку на гостувањето во Рим

Меџити: Албанците сакаат моќ што одлучува – таа сила е ВЛЕН

Еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, преку емотивна и силна порака објави дека започнува ново политичко поглавје за Албанците во Македонија, најавувајќи обединување во една политичка сила под името „ВЛЕН“.

Проданоски: Првиот хард ендуро полигон во државата носи нови можности за Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, порача дека „Топташ Родео 2026“ повторно покажало дека Прилеп сигурно се позиционира како препознатлива дестинација за хард ендуро и големи спортски настани. Според него, Топташ и

Коњановски: Континуираното образование е темел на квалитетна ветеринарна услуга

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на четвртиот семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно учество, кој се одржа на Ветеринарниот факултет Битола при Универзитет „Св. Климент Охридски“– Битола, во
Go toTop