Граѓани тврдат дека е исклучена линијата со број 33, ЈСП демантира

September 12, 2024
1 min read

,,Јавното сообраќајно претпријатие пред неколку дена ја исклучи приградската линијата со број 33 која е единствена што директно го поврзува Долно Лисиче со општина Аеродром. Причина што автобусот кој сообраќа 12 години, а од кој зависи одењето на училиште на многу ученици, а и на граѓани за до нивните работни места е тоа што претпријатието нема пари за да го регистрира овој автобус, а друг за замена нема. Жителите се гневни бидејќи тие и нивните деца трпат и секојдневно се снаоѓаат за нешто што им следува и што никој нема право да им го одземе, а тоа е редовниот автобуски превоз.

Тројцата возачи кој ја должат оваа линија останаа дома на принуден одмор. Средношколците кои учат во СМУГС „Панче Караѓозов“, од СУГС „Марија Кири Склодовска“, во хемиското училиште, а и во СУГС „Владо Тасевски“, кои ја користат оваа линија, бидејќи друг автобус кој сообраќа од Долно Лисиче и минува директно низ Горно Лисиче, па стасува до Центар, нема. Сега се снаоѓаат како знаат и умеат. Голем дел од учениците задоцнија на првиот училишен ден поради исклучување на оваа линија.

Оброзложението од директорот на ЈСП, Драган Кушовски е дека проблемите во претпријатието се решаваат во рамките на можностите.

„Проблемите кои ги имаме се решаваат во рамките на можностите и ресурсите кои ги имаме. Како што сум запознаен има друга линија што може да се користи. Линијата не е укината, но ќе проверам кога најбрзо може да се стави во функција“, вели директорот Кушовски за овој голем проблем кој ги затекна учениците на почетокот на школската година.

Редакцијата на МКД.мк му појасни на директорот дека приградските линиите со број 31 и 33, иако тргнуваат од Долно Лисиче, имаат сосема различни автобуски постројки на поаѓање и различна траса на движење. Од раководството на ЈСП добивме ветување дека ќе се искористат сите можности за да се врати оваа линија и официјален одговор очекуваме во текот на денешниот ден.

На официјалната страница на ЈСП си стои распоредот дека автобусот со број 33 вози иако линијата е исклучена.

Јавното сообраќајно претпријатие подолго време се соочува со недостиг на автобуси и со проблеми со превозот. Градоначалничката Данела Арсовска вели дека работата ја кочат советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои не сакаат да ја изгласаат програмата за работа на јавните претпријатија.

Премиерот Христијан Мицкоски за овој проблем изјави дека немањето превоз нема да се реши со набавка на нови автобуси бидејќи тоа е процес кој ќе трае и периодов повторно би имало проблеми со превозот.

И додека надлежните си ја префрлаат топката кој е виновен, најмногу трпат граѓаните кои секојдневно имаат главоболки и нервози со што тие да стасаат на работните места, а учениците да стасаат до училиште.”, пишува мкд.мк.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Царинска управа: Спречен обид за криумчарење цигари, македонски државјанин се обидел да избегне плаќање давачки од 113.000 денари

Следно

Утре во „Буква“ се отвора изложбата на Андреј Медиќ Лазаревски, „Црно под ноктите“

Latest from Blog

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments за групни нарачки

Корисниците сега можат директно во апликацијата да платат за своите артикли кога заедно нарачуваат од ресторани со пријателите, семејството или колегите. Wolt ја воведува функцијата Split Payments (Поделено плаќање) за групни нарачки,

ЕИБ: Европа има неискористен минерален потенцијал – Македонија со потврден бакар во Иловица

Европската инвестициска банка повикува на забрзување на геолошките истражувања и развојот на нови рударски проекти во Европа. Во својот последен технички извештај „Предизвици и решенија за истражувањето на минерали во Европа“, ЕИБ

Скопје станува регионален центар за европска сертификација на финанс

АБИТ и ЕФПА Луксембург започнуваат стратешко партнерство преку кое во регионот ќе бидат достапни меѓународни програми за финансиско образование и професионална сертификација. Ова нуди посебна вредност за студентите на Хајделберг факултет Скопје.

Општина Битола со нова дезинсекција: Целта е намалување на ризикот од Западнонилска треска

Општина Битола ќе спроведе дополнителна, вонредна дезинсекција против комарци на територијата на општината, како превентивна мерка поради актуелната епидемиолошка состојба во земјата и зголемениот ризик од ширење на Западнонилската треска. Според информациите

Солзи на трибините: Меси се врати на теренот пет дена по смртта на неговиот татко (ВИДЕО)

Фото: Интер Мајами Х Во неделата, Аргентинецот го погреба својот татко Хорхе, кој почина еден ден претходно на 68-годишна возраст по долго и тешко боледување, а веќе во четврток, Меси се врати
Go toTop