Туркије започна истрага за убиството на турско-американската активистка Ејги од страна на израелските војници

September 12, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије започна истрага за убиството на турско-американската активистка Ајшенур Езги Ејги од страна на израелските војници, соопшти денес турскиот министер за правда Јилмаз Тунч, јавува Анадолу.

Тунч рече дека Туркије не може да молчи за убиството на својата државјанка во „незаконскиот терористички напад од израелските напаѓачи“, додавајќи дека главниот јавен обвинител на Анкара повел истрага во согласност со домашното право.

Тој ја нагласи посветеноста на Туркије кон спроведувањето на правдата на меѓународно ниво, посочувајќи: „Ќе работиме за специјалниот известувач на ОН за вонсудските, надвор од правните рамки, арбитрарните егзекуции, со цел итна акција, формирање независна истражна комисија и подготовка на извештај.“

Министерот ги истакна плановите за инкорпорирање на извештајот во тековните правни дејства против Израел, вклучително и случајот за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата и истрагите во Меѓународниот кривичен суд.

„Ќе продолжиме да ги браниме правата на Ајшенур“, порача турскиот министер Тунч и вети дека ќе се залага за правата на Палестинците и дека ќе продолжи со напорите да се запре „крвопролевањето“ во регионот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија тврди дека војската ги потиснува украинските трупи од регионот Курск

Следно

Утре нестабилно време, од недела опаѓање на температурите

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop