ВМРО-ДПМНЕ: Од народни пари Љупчо Дон Николовски префрлил половина милион евра на сметка на фирма на мајката на сопственикот на НИКОБ, близок до Филипче и Заев

September 12, 2024
1 min read

Љупчо Николовски, додека бил на функција наместо да мисли за државата и да биде министер за сите, тој се однесувал како дон или бил Љупчо Дон Николовски заинтересиран за партијата. Љупчо Дон Николовски злоупотребувал народни пари и неколку години по ред ги исплаќал милионски суми без основ на фирма блиска до СДС. Тоа го правел преку договори со фирмата Арекспорт од Струмица, односно дал под закуп државно земјоделско земјиште со површина од 1.416 хектари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Арекспорт е фирма зад која стои Митра Лазарова, мајка на Кирил Лазаров, газда на НИКОБ, главен лик за тендери на СДС, почнувајќи од ЕВН, преку државни институции како Град Скопје, Влада, па пак се до прифатни фирми, поточно лаборатории од периодот на ковид отворени во време на Филипче. Лазарови како блиски пријатели Заев и Филипче се главни столбови на СДС и токму затоа и Љупчо Дон Николовски префрлувал милиони на Арекспорт. Прво, Арекспорт склучила неколкугодишен договор за закуп со Министерството за земјоделие за наводни лозови насади. Второ, наместо лозов насад стотиците хектари биле наменети за едногодишни култури. Ова е спротивно за договор за закуп, потоа спротивно е и што давале на други лица да ја работат земјата, се наведува во партиското соопштение.

Од партијата велат дека фирмата не плаќала ниту за закупот на земјиште или Арескпорт не платила закупнина во висина од 30 илјади евра за 2022 и 2023 година.

-Фактот што воопшто не се работело по договорот за закуп е основ за раскинување на истиот, но Дон Николовски не се интересирал за правните норми, туку за партиските правила. Оттука фирмата на семејството НИКОБ добила 485.000 евра за субвенции на кои немала право. Дон Николовски да каже зошто не го раскинал договорот кога фирмата не го почитувала истиот? Дон Николовски да каже каков интерес имал тој, а каков партијата и поединци од партијата? Дон Николовски е на дело фатен во криминал и за истиот треба да одговара. Денес продолжуваме со нови докази за тоа колку е оштетен буџетот, а надлежните институции треба да постапуваат навремено и транспарентно, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ангелова: Југоисточна Европа мора да ги зајакне истражувачките и иновациски инфраструктури за поголема интеграција во Европа

Следно

Цените на храната во светот паѓаат, а на четиричлено семејство во Македонија одвај му стигнуваат 22.000 денари за храна

Latest from Blog

Готово е: Тонали потпишува за Тотенхем!

ФОТО:facebook.com/newcastleunited/ Нова “бомба“ која е поврзана со Тотенхем. Вчера беше објавено дека Тотенхем го срушил рекордот за трансферна цена за доведување играч со трансферот на Матеуш Фернандеш, а веќе вечерва тоа одамна

Германците се подготвуваат за можна руска агресија: Одобрен е нацрт законот за воени резервисти

Германија планира да ги удвои своите резервни сили до средината на следната деценија на најмалку 200.000 војници, објави Ројтерс, наведувајќи дека целта е германската армија да има 260.000 активни војници. Германскиот министер

Дивоградбите остануваат државен проблем: Лани регистрирани 911 нови бесправно изградени објекти

Бесправната градба и натаму останува еден од најголемите урбанистички и институционални предизвици во Македонија. И покрај тоа што процесот на легализација започна пред повеќе од една деценија со цел трајно да се

Во случај на отказ, Нагелсман ќе добие 14 милиони евра!

ФОТО:.facebook.com/DFBTeamEN/ Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, се обезбеди во случај да добие отказ по Светското првенство. Тоа лесно може да се случи, бидејќи четирикратните светски шампиони веќе беа сопрени во 1/16 финалето.
Go toTop