Ангелова: Југоисточна Европа мора да ги зајакне истражувачките и иновациски инфраструктури за поголема интеграција во Европа

September 12, 2024
1 min read

На 1 октомври 2024 година, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) ќе биде домаќин на конференцијата организирана од еминентната Science|Business, посветена на засилено интегрирање на истражувачката инфраструктура од регионот на Западен Балкан кон Европскиот истражувачки простор и можностите за истражувачите, иноваторите и бизнис заедницата.

Конференцијата посветена на европската интеграција на Западен Балкан, ќе обедини еминентни европски и регионални експерти од областа на креирање политики за интеграција на истражувачките инфраструктури и градење синергија помеѓу иновациите и бизнис заедницата, со цел да истакне како Југоисточна Европа може да ги зајакне своите истражувачки и иновациски капацитети и да ги интегрира во пошироката Европска мрежа. Темите ќе вклучуваат одржување, изградба и поврзување на истражувачките инфраструктури во Европа, со фокус на создавање унифицирана и кохезивна истражувачка средина.

„Горди сме што УКИМ е домаќин на оваа значајна конференција која има за цел да ја зајакне соработката меѓу истражувачките институции од Југоисточна Европа и ЕУ. Нашата улога во создавањето на плодна средина за истражувачки и иновациски проекти е клучна за идниот развој на регионот. Како институција, целиме да обезбедиме средина во која нашите млади истражувачи ќе работат тука, дома и ќе имаат услови за научни постигнувања“, изјави ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, која ќе го отвори настанот.

Панел-дискусиите ќе се фокусираат на подобрување на истражувачките политики и практики во регионот, поттикнување на стратешки партнерства меѓу националните и европските истражувачки инфраструктури и стратегии за справување со предизвикот од „одлив на мозоци“, преку привлекување и задржување на млади таленти во Југоисточна Европа.

Настанот е отворен за сите заинтересирани страни од полето на науката и иновациите. За регистрација и повеќе информации, посетете го следниот линк: https://sciencebusiness.net/events

Платформата Science|Business е креирана за да ги обедини трите области кои треба тесно да соработуваат: индустријата, истражувањето и политиката. Science|Business мрежата на универзитети, компании и истражувачки и политички организации претставува уникатно моќен форум за унапредување на иновациите.

Покрај организаторот Science|Business и домаќинот УКИМ, партнери на конференцијата се EIT Community на Европскиот институт за иновации и технологии, Платформата на земјите од Западен Балкан за истражување, технологии и иновации WBC-RTI преку Policy Answers и ELI ERIC Европскиот конзорциум на истражувачка инфраструктура за ласерски технологии за Пан-Европска интеграција на истражувачите и индустријата.

Поддржувачи на конференцијата се Директоратот за истражувања и иновации на Европската комисија и ERA Европскиот истражувачки простор, UNICA Мрежата на универзитети од главни градови во Европа, COST Асоцијацијата за наука и технологија на Европската комисија и RCC Регионалниот совет за соработка на Западен Балкан. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Австралија им ги одзеде одликувањата на неколку свои команданти заради сторени воени злосторства во Авганистан

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Од народни пари Љупчо Дон Николовски префрлил половина милион евра на сметка на фирма на мајката на сопственикот на НИКОБ, близок до Филипче и Заев

Latest from Blog

Општина Битола: Градот влегува во нова развојна ера со 180 проекти

Општина Битола објави преглед на реализацијата на 180 проекти наменети за развој и унапредување на градот. Според податоците прикажани во општинскиот инфографик, досега се завршени 62 проекти, што претставува 34 проценти од

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се реализира според планот, приходите пораснаа за 8 отсто

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова и директорот на Царинската управа Бобан Николовски, на која беше разгледана тековната реализација на

Македонскиот рубин пред меѓународна промоција, се подготвува сертификат за неговото потекло

Македонскиот рубин влегува во нова фаза на заштита и меѓународна промоција, со подготовка на систем за сертификација и утврдување на јасни критериуми за неговото потекло и автентичност. Министерството за енергетика, рударство и
Go toTop