Прва претседателска дебата Харис – Трамп

September 11, 2024
1 min read

Првата претседателска дебата меѓу претседателските кандидати на републиканците и демократите, Доналд Трамп и Камала Харис, се одржа синоќа во Филаделфија.

Дебатата започна со ракување на двајцата кандидати на иницијатива на Камала Харис, која му пријде на Трамп, му подаде рака и се претстави. Трамп го прифати ракувањето. Kамала харис, која е актуелна потпретседателка на сад, истакна дека Трамп и таа имаат две многу различни визии за Америка. Таа кажа дека е фокусирана на иднината, а Трамп на минатото. 

– Не се враќаме назад. Можеме да трасираме нов пат напред. – рече Харис.

Републиканскиот кандидат и експретседател на САД, Доналд Трамп, пак, ја обвини актуелната американска потпретседателка дека во годините додека е на власт не направила ништо од политиката за која се залага. 

– Не можеме да ја жртвуваме нашата земја поради лоша визија. Ние сме народ што пропаѓа и кому му се смеат низ целиот свет. – рече Трамп.

Во фокусот на дебатата беше и економијата. Харис рече дека е израсната како дете од средната класа и дека ќе биде фокусирана на создавање економија на можности. Остро го критикуваше трамп за политиката за која рече дека ќе ги зголеми трошоците за американците.  

– За овие избори, важно е да свртиме нова страница и да се фокусираме на сериозните прашања за цените на становите и храната. – рече Харис. 

Трамп го отфрли тоа и рече дека ќе се фокусира на царините за увоз од странски земји. Доналд Трамп пак зборуваше за  имиграцијата велејќи дека луѓето се доселуваат во земјата. Во првите три години од мандатот на Бајден, според тврдењата на трамп, во сад влегле над 20 милиони илегални мигранти.

Во однос на војната во Украина, Трамп рече дека доколку тој останел претседател немало да дозволи започнување на војната. Ги обвини Бајден и Харис оти ѝ дозволиле на Америка да ја финансира војната значително повеќе од ЕУ. На прашањето дали сака Украина да победи во војната, Трамп рече дека сака да ја прекине војната. 

– Доколку јас останев претседател немаше да дозволам започнување на војната. – рече Трамп.

На ова, демокртската кандидатка Харис рече:

– Да беше Трамп претседател, Путин сега ќе седеше во Киев, со поглед кон Полска и остатокот од Европа.

A, Трамп возврати: 

– Путин би седел во Москва, посреќен отколку што е сега.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче за заемот од Унгарија: За прв пат некој друг ќе ни кажува која фирма ќе ги земе провизиите

Следно

Средба на министерот Владо Мисајловски со новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Кристов Ле Риголер

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop