Шолц: Дојде време да се истражат мировните перспективи за ставање крај на војната во Украина

September 11, 2024
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц денес изјави дека е дојдено време да се разгледаат мирните начини за ставање крај на војната во Украина, јавува Анадолу.

„Како што повторно велам, сега е моментот кога треба да истражиме какви можности се појавуваат, правилно е како што украинскиот претседател вели и јас ќе го повторам истото тоа, ни треба уште една мировна конференција, а Русија мора тогаш да биде на маса. Тоа е задачата со која сега треба да се справиме“, рече Шолц во својот говор пред Парламентот во Берлин.

„Ќе направиме сѐ што можеме за да имаме можност за мир, кој е фер и не е диктиран, а не предавање, и кој го почитува интегритетот и суверенитетот на Украина како нападната земја“, додаде тој.

Шолц во неделата изрази поддршка за поканата на Русија на меѓународна мировна конференција за ставање крај на војната во Украина.

Тој за јавната телевизија ЗДФ изјави дека за време на неговата неодамнешна средба со украинскиот претседател Владимир Зеленски разговарале за најновите случувања, како и за изгледите за нова мировна конференција за ставање крај на војната.

„Мислам дека ова е моментот кога треба да разговараме како можеме да излеземе од оваа воена ситуација и да постигнеме мир побрзо отколку што изгледа во моментов“, рече Шолц.

„Дефинитивно ќе има уште една мировна конференција, а претседателот Владимир Зеленски и јас се согласуваме дека таа мора да биде онаа што ќе ја вклучи и Русија“, додаде германскиот канцелар.

Во меѓувреме, Шолц повторно вети дека жестоко ќе ја сузбие илегалната миграција во неговата земја.

„Сега организиравме таков лет за депортација во Авганистан и можам да ви кажам дека ќе имаме повеќе и ќе продолжиме да го правиме тоа. Исто така, повторно ќе извршиме депортации на криминалци во Авганистан и Сирија“, рече тој.

Германската левичарско-либерална коалициска влада е под зголемен притисок да ја спречи нерегуларната миграција по нападот со нож во западниот град Солинген минатиот месец, во кој три лица беа убиени, а осум други беа повредени од одбиен сириски барател на азил.

Властите соопштија дека осомничениот дошол во Германија во 2022 година, но не се квалификувал за статус на бегалец во земјата. Тој минатата година требаше да биде депортиран во Бугарија, првата земја во која влегол во ЕУ. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група ДЕАШ.

Германија, која е најголемата европска економија, останува главна дестинација за нерегуларните мигранти и барателите на азил кои пристигнуваат во ЕУ. Минатата година германските власти регистрираа 266.224 случаи на илегален влез и престој. Многу од нерегуларните мигранти биле баратели на азил од Сирија и Авганистан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јаневска: Се појавува т.н. вишок на наставници, да ги направиме функционални за да останат во образовниот процес

Следно

ВАДА: Јаник Синер се уште е под истрага

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop