Жестоки напади од Израел во Сирија

September 9, 2024
1 min read

Конфликтот меѓу Израел и Хамас влезе во 339-тиот ден. Десетици загинати и повредени е билансот од израелскиот напад во текот на ноќта врз сириската провинција Хама. Се наведува дека цел биле пет локации, вклучително и научно-истражувачки центар.

Голем воен истражувачки центар за производство на хемиско оружје бил неколку пати погоден, а се верува дека во него бил сместен тим од ирански воени експерти. Шефот на ОН за човекови права, Волкер Турк, рече дека завршувањето на речиси едногодишната војна во Газа е приоритет и ги повика земјите да дејствуваат поради, како што рече, „флагрантното непочитување“ на меѓународното право од страна на Израел.

Државите не смеат да прифатат бесрамно непочитување на меѓународното право, вклучително и обврзувачките одлуки на Советот за безбедност на ОН и наредбите на Меѓународниот суд на правдата, ниту во оваа ниту во која било друга ситуација.“ – вели Волкер Турк шеф на ОН за човекови права.

Техеран го обвини Израел дека извршил „криминален напад“ врз централниот дел на Сирија.

„Остро го осудуваме овој криминален напад на ционистичкиот режим на сириска територија.“ – вели Насер Канани портпарол на иранското министерство за надворешни работи.

Поранешниот член на израелскиот воен кабинет Бени Ганц вели дека Израел треба да го насочи својот фокус врз Хезболах и либанската граница, предупредувајќи дека е веќе предоцна.

„Имаме доволно сили да се справиме со Газа. Треба да се концентрираме на она што се случува на север.“ – вели Бени Ганц поранешен член на израелскиот воен кабинет.

Во меѓувреме, операциите на израелската армија во Појасот Газа продолжуваат, а во последните 24 часа интензивни борби се водеа во областа Кан Јунис и предградијата на градот Газа, како и на Западниот Брег.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

УХМР најавува нестабилно време со пообилни врнежи

Следно

Вархеји: Целта е во октомври одржување меѓувладини конференции со Белград, Тирана и можеби Скопје

Latest from Blog

Издадено предупредување: Русите подготвуваат пекол (ВИДЕО)

„Постојат многу непријатни информации за подготовка на уште еден масовен руски напад. Постојат разузнавачки информации и веднаш по нашата прес-конференција ќе се вратам во Украина со мојот тим многу наскоро“, рече Зеленски

Кој е новиот министер за земјоделство? Од лани поседува голема фотоцентрала за електрична енергија

Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски вчера на прес-конференција соопшти дека со владината реконструкција неговата партија го добива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ќе биде раководено од досегашниот државен секретар

Готово е: Тонали потпишува за Тотенхем!

ФОТО:facebook.com/newcastleunited/ Нова “бомба“ која е поврзана со Тотенхем. Вчера беше објавено дека Тотенхем го срушил рекордот за трансферна цена за доведување играч со трансферот на Матеуш Фернандеш, а веќе вечерва тоа одамна

Германците се подготвуваат за можна руска агресија: Одобрен е нацрт законот за воени резервисти

Германија планира да ги удвои своите резервни сили до средината на следната деценија на најмалку 200.000 војници, објави Ројтерс, наведувајќи дека целта е германската армија да има 260.000 активни војници. Германскиот министер
Go toTop