Во Србија кашкавалот е 350, кај нас едвај се наоѓа за 450 денари – Владата сè уште анализира дали храната во земјава е скапа

September 7, 2024
2 mins read

Понекогаш велат не мора да измислуваме мерки, закони, решенија, доволно е само да „препишеме“. Таква е ситуацијата со цените на храната, веќе сме септември а доматите имаат прилично висока цена од 100 денари, пиперките за ајвар чинат меѓу 60 и 80 денари, грозјето пак околу 100 денари. Исто така неконтролирано расте цената и на млечните производи, месото и јајцата, а граѓаните се надеваат дека ќе почне да се спроведува законот за нефер трговски практики, па ќе се снижат маржите, а со тоа и цените во маркетите и на пазарит.

Сепак, за разлика од времето кога беа во опозиција, премиерот Христијан Мицкоски, како и членовите на новата влада ја отфрлија идејата да се ограничат цените на одредни продукти, објаснувањето беше дека не треба да се мешаат во пазарна економија.

Тој испрати апел до трговците да ги намалат цените, а на изненадување на јавноста, реши да интервенира во цените на училишниот прибор и наместо на зејтинот, брашното и месото, таа ги замрзна цените на тетратките, моливите и шестарите. Под притисок на јавноста пак посочи дека ќе го анализираат пазарот во следниот период.

Што направи Србија?

На први септември Владата на Србија донесе мерка „Најдобра цена“ со која се одреди намалена гарантирана цена на околу 700 продукти и заштеда помеѓу осум и 20 илјади динари (помеѓу 80 и 200 евра) месечно. Мерката ќе трае до крајот на месец октомври по што ќе се разгледуваат опции за нејзино продолжување.

Намалувањето по продукти изнесува од 15 па се до 70 проценти, а покрај храната, овошјето и зеленчукот, со гарантирана цена се продават и средства за хигиена и домаќинство, како и храна за домашни миленичиња.

Свинското месо, конкретно свински бут без коска во Србија се продава по цена од 599 динари (околу 305 денари) за килограм, додека кај нас цената е помеѓу 430 и 450 денари.

Килограм брашно тип 400 во Србија чини 28 денари, додека во Македонија 44 денари, a зејтинот пак кој кај нас се продава за 78 денари за литар, во Србија се продава за 66 денари.

Покрај брашното, поевтини се и тестенините, па така шпагети од 400 грама се продаваат за 26 денари, додека кај нас се околу 50 денари.

Разлика има во млечните продукти, литар јогурт со гарантирана цена во Србија се продава за 51 денар, додека кај нас најниската цена за литар јогурт е 62 денари, а вообичаено се движи помеѓу 77 и 82 денари.

Сериозно поевтин е и кашкавалот (гауда и ајдамер) кој во Србија се продава по 350 денари за килограм, додека во нашите маркети цената за таков кашкавал е од 450 денари па нагоре (во зависност од маркетот и производителот).

Сепак, треба да се има на ум дека просечната плата во Србија изнесува 818 евра, додека во Македонија таа изнесува 680 евра.

И Црна Гора мисли на своите граѓани

Ваква мерка но со важност до јануари идната година донесе и Црна Гора каде исто така се опфатени близу 1000 артикли.

Според досегашните анализи на црногорските политичари одлуките врз основа на Законот за привремени мерки за ограничување на цените на производите значајни за животот и здравјето на луѓето поволно се одразиле на намалување на цените на основните прехранбените производи и тоа значително го заштитило животниот стандард на граѓаните, особено на најранливите категории во чија потрошувачка структура најголемо учество заземаат основните прехранбени производи.

Согласно со тоа, владата одлучи да продолжи со ограничување на максималните маржи во наредниот период на 5% во трговија на големо и 7% во мало за следните производи: пченично брашно (тип 400 и 500), шеќер, сончогледово масло и кујнска сол.

Покрај тоа, со цел целосно стабилизирање на цените и заштита на животниот стандард на најранливите категории на население, владата дополнително ќе ги ограничи маржите на максимум 10% во големопродажбата и малопродажбата, на сите артикли од групите производи кои се наведени во прилог 2 од оваа одлука за најмногу 10 % во големопродажбата и максимум 15 % во малопродажбата на сите артикли од групите производи наведени во „Прилог 3“ од одлуката.

Посебен акцент во одлуката беше ставен на производите на домашните производители, што дополнително ја зајакнува економијата на Црна Гора, ја подигнува конкурентноста на домашната економија и ги прави домашните производи достапни и подостапни, се наведува во соопштението.

Беше нагласено дека се работи за сеопфатна акција бидејќи не се однесува само на еден артикл од одредена група на производи, туку се однесува на сите артикли од дадена категорија на производи, така што вклучува стотици категории на производи во секој поголем малопродажен синџир.

Предложената одлука, која ќе важи до 31 јануари 2025 година, нема да важи за трговците чии продажни објекти не надминуваат вкупна површина од 600 метри квадратни.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ѓорѓиевски со благодарност за брзата разрешница за подметнатиот пожар: На опожарени места во Кисела Вода НЕМА ДА ИМА ГРАДЕЊЕ!

Следно

Се проширува пожарот во Мариово, периметарот на огнената линија изнесува 110 километри

Latest from Blog

НБА: Ванвлит казнет со 50.000 долари

Кошаркарот на Хјустон, Фред Ванвлит (30) е казнет со 50.000 долари поради непримерно однесување кон официјалните лица на натпреварот против Портланд, објави вечерва НБА лигата. Ванвлит доби техничка грешка во последните моменти

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Доне Таневски, најголемиот акционер во хотелската групација „Македонија турист“, го намали својот удел од 23,4% на 17,72%, по продажбата на 25.669 акции. Македонска берза ја потврди продажбата, при што Таневски сега поседува

Костадинов: Горд сум што мојот предлог доби преубава реализација

Секој еден градоначалник и политичар треба најпрвин да биде човек, а потоа се останато, напиша градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, на својот фб профифл. Многу сум радосен за прекрасниот почеток на

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Независниот синдикат на одбраната информира дека денес Министерството за одбрана исполни уште една своја обврска од колективниот договор, исплатени се средствата кои беа заостанати од потпишувањето на КД заклучно со јуни. Исплатата

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

Ова е старт, прв чекор во градењето на инфраструктура за електричната мобилност, што е клучно за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето од страна на транспортниот сектор, проблем што е
Go toTop