Туркије во последните 4 дена неутрализира 27 терористи на ПКК во воздушни напади во северен Ирак

September 6, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа 27 терористи на ПКК во серија воздушни напади врз позиции на терористите во северен Ирак, во близина на турската граница, во изминатите четири дена, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу.

„Вкупниот број терористи на ПКК неутрализирани во северен Ирак во изминатите четири дена достигна 27“, соопшти Министерството на Х.

Се додава дека овој понеделник биле реализирани воздушни операции во регионите Метина, Зап, Гара, Хакурк, Кандил и Асос, каде првично беше соопштено дека се неутрализирани најмалку 20 терористи.

„Активностите за проценка на целта во регионот се во тек“, се вели во соопштението.

Дополнително, во воздушните напади во регионот Хакурк во северен Ирак елиминирани се уште седум терористи, соопшти Министерството.

Терористите на ПКК често се кријат во северен Ирак каде планираат прекугранични напади во Туркије.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца, жени и постари лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дибала за дресот на „Меси“: Не знаев дали да го облечам

Следно

Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот шеф на Делегацијата на Европската Унија

Latest from Blog

Честитка од Проданоски за Денот на полицијата: Мирот и безбедноста се приоритет

По повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, го посети Одделението за внатрешни работи – ОВР Прилеп, каде лично им го честиташе празникот на полициските

Шилегов: „Предметот ‘Пулс’ ќе трае најмалку уште седум години“

Екс-градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој е дел од одбраната во случајот „Пулс“, во интервју за „Фокус“ упати сериозни критики кон обвинителниот акт, оценувајќи дека е правно неиздржан, преобемен и поставен на
Go toTop