АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, даде изјава за време на неговата посета на шаторската населба на градскиот плоштад Кајапинар Селахатин Ејуби во Дијарбекир, известува Анадолу.
Во врска со земјотресот со епицентар во областа Кахраманмараш, претседателот Ердоган рече: „Тој е 3 пати поголем и 3 пати поразорен од земјотресот во 1999 година, кој во нашите сеќавања е најголемата катастрофа на нашата земја. Овој земјотрес, кој е опишан како „катастрофа на векот“, иако се почувствува на површина од речиси 1.000 километри, всушност неговата моќ предизвика уништување на површина од 500 километри.“
Претседателот Ердоган во своето обраќање зборуваше за најновата бројка на загинати, информирајќи: „Во земјотресите на југот од Туркије загинаа 21.848 лица, а спасени се 80.097 повредени. Во подрачјата погодени од земјотресите, заедно со екипите од други земји, активни се 160.000 спасувачи, медицинари и друг персонал.“
На луѓето во подрачјата зафатени од земјотресот, Ердоган им порача: „Ние никогаш не ги оставивме граѓаните сами и на улица. Можете во потполност да ни верувате, сите државни ресурси се мобилизирани.“
Извор: www.aa.com.tr