Стано: Последните еднострани акции на Приштина на север ризикуваат натамошна ескалација

August 31, 2024
1 min read

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, по повод вчерашниот упад на косовската полиција во зградите на „Привремените органи на Владата на Србија во општините на северот на Косово и Метохија“, изјави дека последните еднострани и некоординирани чекори на властите во Приштина на северот ризикуваат натамошна ескалација, јави дописникот на МИА од Белград.

Стано на мрежата Х ја сподели изјавата на Делегацијата на ЕУ во Приштина, во која се посочува дека ЕУ е разочарана од континуираната некоординација на Приштина со меѓународните партнери, како и дека акцијата на косовската полиција против канцелариите кои се поддржани од Србија во Северна Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ ја загрозува кревката безбедносна ситуација на теренот.

Како што се наведува во соопштението на делегацијата на ЕУ во Приштина, ЕУЛЕКС веднаш добил задача да го надгледува извршувањето на оваа операција, која не била координирана со ЕУ и меѓународните партнери.

Делегацијата на ЕУ во Приштина потсетува дека Приштина се обврзала на деескалација, како и дека Унијата постојано ја повикува Приштина да избегнува какви било дејствија што може негативно да влијаат на безбедноста на луѓето на теренот, но дека Приштина ги игнорира тие повици.

-ЕУ сака да повтори дека сегашната полициска операција против канцелариите поддржани од Србија може да доведе до понатамошна ескалација на и онака нестабилната ситуација, се вели во соопштението, во кое се додава дека прашањето за канцелариите поддржани од Србија се очекува да се реши во рамките на дијалогот што го води ЕУ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Да се ​​слагаме со Северна Кореја и Русија е добра работа“

Следно

Од утре претежно стабилно, температурите повисоки за околу три степени

Latest from Blog

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop