Амбасадата на САД по полициската акција во северно Косово: Продолжува влошувањето на односите на Приштина со Вашингтон

August 31, 2024
1 min read

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Косово упати остри критики на вчерашната акција на полицијата на Косово за затворање на објектите користени од локални институции управувани од властите во Србија во косовските општините на северот на земјата, населен со мнозинско српско население, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во реакцијата се вели дека САД ја повторуваат нивната загриженост и разочарување од „континуираните некоординирани акции на Владата на Косово кои продолжуваат да имаат директен и негативен ефект врз припадниците на етничката српска заедница и другите малцински заедници во Косово“.

Од амбасадата забележуваат дека вчерашната акција не била координирана со ниту еден елемент на меѓународната заедница и нагласуваат дека прашањата поврзани со структурите поддржани од Србија во Косово треба да се решат преку дијалогот со посредство на Европската унија.

Американската амбасада порача дека таквите акции на северот на земјата го зголемуваат влошувањето на партнерството меѓу Владата на Косово и САД и „непотребно ги ескалираат регионалните тензии“.

„САД и нашите меѓународни партнери постојано бараат од Владата на Косово да ја има за приоритет координацијата со меѓународната заедница и да не презема еднострани дејствија за прашањата на агендата на дијалогот олеснет од ЕУ. Неуспехот на Владата на Косово да одговори на овие барања е одраз на вистинско и растечко влошување на нашето партнерство. Како што претходно нагласивме, некоординираните акции на Владата на Косово ги ставаат во поголем ризик граѓаните на Косово и војниците на КФОР, непотребно ги ескалираат регионалните тензии и го поткопуваат угледот на Косово како доверлив меѓународен партнер“.

Амбасадата на САД ја истакна поддршката што со години ја дава на косовската полиција и нагласи дека нејзината континуирана инструментализација од страна на Владата за спроведување некоординирани дејствија не е во согласност со ветувањето за продолжување на консултациите и координацијата со меѓународната заедница.

„Постапките на Владата ќе влијаат и на квалитетот и природата на нашата соработка со Министерството за внатрешни работи и неговите подредени елементи“, се вели во реакцијата на американското дипломатско претставништво во Приштина.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Столтенберг ја одобрува украинската офанзива во Русија, тврди дека НАТО не учествува и не ја планирал

Следно

Лефков: Купувала карти за Дубаи од 3000 евра како за службено патување, а потоа не одела, желбата за шетање на Бисера Антоанета народот ја плаќал дури и кога не патувала

Latest from Blog

Канада ќе го урне училиштето, во кое се случи масакр

Одлуката за уривање на средното училиште е донесена по состаноците на училишниот одбор со жртвите, членовите на семејствата и локалната заедница, објави премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби. „Сакаме да се осигураме

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја
Go toTop