Најдобрата судиска двојка во ракомет „влечат“ корени од Кисела Вода

February 11, 2023
1 min read

Славе Николов и Ѓорѓи Начевски своевремено беа прогласени за најдобра судиска двојка во светот, во изборот на Светската ракометна федерација (ИХФ).

Тие неодамна се вратија од Светското ракометно првенство каде го судеа финалето, пред тоа го судеа финалето на Африканското првенство, во 2021 финалето на Олимпијадата, а завршницата на Европското Првенство ја судеа пред две години, како еден континуитет на големите натпреварувања.

Вчера тие му беа гости на градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски. 

-Од мое лично и од име на жителите на општина Кисела Вода сакам да им честитам и да им се заблагодарам што достојно го веат македонското знаме секаде каде што судат. Статуетката во форма на клуч која денес им ја доделив има симболично значење. Клучот ја симболизира и поддршката од наша страна, на која овие ракометни судии можат секогаш да сметаат! Неа им ја доделуваме на нашите почесни граѓани, а тој епитет Николов и Начевски одамна го заслужија. Славе Николов е сѐ уште жител, а Ѓорѓи Начевски е пораснат во општина Кисела Вода и секогаш со гордост го истакнува тој факт, порача Ѓорчиевски. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По соборувањето на балонот, САД ставија шест кинески компании на „црната листа“

Следно

УХМР: Утре слаб снег на планините, од задутре стабилно со повисоки температури

Latest from Blog

Трамп доби совети од неговиот тим што побргу да ја заврши војната со Иран- се плашат од една работа

Во последните денови, помошниците наводно го советувале Доналд Трамп, претседателот на САД, да нагласи дека американската војска во голема мера ги постигнала своите цели и го советувале претседателот да соопшти план за

Средба на Божиновска со директорот на Енергетската заедница Лорковcки

Напредокот на државата во реформите во електроенергетскиот сектор, зајакнувањето на енергетската стабилност и сигурност на снабдувањето, интеграцијата на националниот пазар со регионалниот и европскиот енергетски пазар, како и забрзувањето на процесите на

Божиновска се сретна со директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница – Во фокус трансформацијата на македонскиот енергетски сектор

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница, на која се разговараше за следните чекори во трансформацијата на македонскиот
Go toTop