Андоновски: Градиме сеопфатна сајбер безбедносна инфраструктура и нова национална стратегија усогласена со ЕУ директивите

August 30, 2024
2 mins read

Изминатиот период бевме сведоци на зачестени сајбер напади врз критичната инфраструктура, како во нашата земја, така и во регионот. Нашата критична инфраструктура – енергетските системи, водоснабдувањето, транспортот, здравството – се основа за функционирањето на нашата држава и нивната заштита е наш врвен приоритет.

Ова го истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на отворањето на дводневната работилница во рамките на проектот „Регионална сајбер безбедност во Западен Балкан – интервенции за Република Македонија”, на која најави амбициозни планови за зајакнување на сајбер безбедноста во земјата.

Андоновски во своето обраќање потенцираше дека Министерството за дигитална трансформација неодамна започна со изработка на новата Национална стратегија за сајбер безбедност за периодот 2024-2028 година, како и дека е формирана работна група составена од експерти од различни области, која веќе почна интензивно да работи на оваа стратегија. Оваа стратегија, додаде тој, ќе биде усогласена со најновите директиви на Европската Унија, вклучувајќи ја и НИС 2 Директивата.

-Предизвиците пред нас се бројни. Има многу голема комплексност и меѓузависност на критичните инфраструктурни системи, постојат застарени технологии кои често се користат во критичната инфраструктура на кои им недостасуваат соодветни безбедносни карактеристики и ажурирање,  имаме недостаток на квалификувани професионалци за сајбер безбедност, и недостатокот на свест и обука кај останатите вработени и корисници на оваа инфраструктура, но и врз целата јавна администрација. Правните и регулаторните празнини и недоследности ја попречуваат координацијата и споделувањето информации меѓу различните засегнати страни. Двете стратегии кои ја таргетираат оваа област се застарени и неважечки, рече министерот Андоновски.

Тој укажа на Извештајот на ДЗР во кој се нотира дека институциите и органите не обезбедуваат ефикасна и целосна заштита на критичните информациони системи ниту е донесена регулатива од областа на безбедноста на информациските системи, не е извршено усогласување на законодавството со европските директиви и забележано е нефункционирање на Национален совет за сајбер безбедност.

-Затоа новата национална стратегија за сајбер безбедност ќе биде клучен документ кој ќе ја трасира патеката за зајакнување на нашите капацитети во оваа област. Стандардите кои вие ги развивате, кои заедно ги развиваме ќе бидат интегрален дел од таа стратегија. Целта е да создадеме безбедно сигурно и отпорно дигитално опкружување кое ќе овозможи непречен развој на дигиталната економија и општество…Владата и Министерството се длабоко посветени на создавање сеопофатна сајбер безбедносна инфраструктура затоа што целта не ни e само да реагираме на постоечките закани, туку да се обидеме да ги антиципираме и спречуваме потенцијалните ризици, порача Андоновски.

На официјалниот дел од работилницата се обрати и заменик амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава, Даниел Филер, кој говореше за важноста за сајбер безбедноста и за британското искуство во оваа сфера.

На работилницата ќе биде презентирана Предлог-верзијата на минимум сајбер безбедносните стандарди кои треба да бидат задолжителни за владините институции, со цел отпочнување на нивно тестирање во период септември – декември годинава и препораки за креирање на политики во областа на сајбер безбедност.

Работилницата е дел од проектот “Регионална сајбер безбедност во Западен Балкан – интервенции за Република Македонија”, финансиран од страна на Обединетото Кралство,кој има за цел подигање на свеста, изградба на капацитети и предизвикување позитивни промени во примената на сајбер безбедноста низ земјата. Спроведувањето на проектот е започнато во август 2023, а треба да заврши во март 2025 година.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Две возила изгореа утринава на паркингот кај „Три бисери“ во скопски Аеродром

Следно

Советот за безбедност на ОН го осуди израелскиот воен напад врз хуманитарните работници

Latest from Blog

МОН: Научната соработка меѓу Македонија и Турција

Македонија и Туција ќе потпишат протокол за сорабока во областа на науката, технологијата и иновациите. Дефинирањето на содржината на документот е во финална фаза и за истиот се дискутираше на денешната средба

Руска служба за разузнавање: ЕУ подготвува „српски Мајдан“

Европската унија подготвува „Мајдан“ во Србија, моменталните немири во земјата со активно учество на млади луѓе кои се во голема мера „производ на субверзивни активности“ на Брисел, според соопштението на СВР на

Гвардиола: Во последните денови многу зборувавме за тоа какви треба да бидеме

фото: Manchester City (X) Пеп Гвардиола зборуваше по класичната победа на Манчестер Сити од 3-0 во дербито над Манчестер Јунајтед. Победата ја прекина серијата од два порази на „Граѓаните“ во Премиер-лигата, а

Божиновска: Македонскиот рубин добива институционална заштита

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини започна процес за официјална заштита на македонскиот рубин, соопшти министерката Сања Божиновска. На првиот состанок меѓу Министерството, Геолошкиот завод и Заводот за индустриска сопственост беа
Go toTop