МНР на Бугарија: Обиди за повторно преговарање на обврските може да ја оддалечат Северна Македонија од почетокот на преговорите за ЕУ

August 29, 2024
1 min read

Бугарија преку своето министерство за надворешни работи реагира дека премиерот Христијан Мицкоски ја оддалечува Макеоднија од ЕУ со неговата последна изјава дека Францускиот предлог може да се модифицира. Од официјална Софија се децидни дека нивните позиции  нема да се променат  без разлика дали ќе води привремена или редовна влада. 

„На властодршците во Скопје треба да им биде јасно дека обидите за повторно преговарање на меѓународните обврски кои веќе се преземени може да доведат само до дополнително оддалечување од почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Потсетуваме дека како резултат на непотребни провокации и конфронтации со соседните земји, Северна Македонија веќе изгуби премногу време во процесот на отворање на пристапните преговори“, велат од МНР на Бугарија.

Оваа реакција следува откако Мицкоски рече дека како Влада остануваат посветени на ова прашање и оти ќе продолжат и понатаму да работат за полноправно членство во Европската Унија, откако ќе се избере политичка влада во Бугарија. Дополнително реакцијата на Бугарија ја поттикна и изјавата на  премиерот Христијан Мицкоски  дека Францускиот предлог“ може да добие уште еден додаток – „Француски предлог плус“. Убеден сум дека нашиот источен сосед ако го гледа и својот интерес ќе му стане јасно дека процесот на преговори мора да почне за нас ако сакаме да имаме една целина како Балкан која ќе биде дел од Европската Унија. Убеден сум дека таму има политичари кои тоа сакаат да го видат, потенцираше Мицкоски.

Во меѓувреме македонскиот премиер најави и кадровски промени во мешовитата историска комисија која последен пат се сретна на крајот на претходната година а нејзниот мандат завршува во септември . 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за средбите со Фарски Острови и со Ерменија

Следно

Доживотен затвор за политичар од Невада за убиство на новинар

Latest from Blog

Скопје има 213 пожарникари, недостигаат 171

На Скопје му недостигаат 171 пожарникари, предупреди командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски. Според законските стандари, главниот град треба да има 384 а сега располага со 213 пожарникари. „Недостигот на вработени е

Астон Вила ја освои ЛЕ: Емери го донесе трофејот и во Бирмингем (ВИДЕО)

Фудбалерите на Астон Вила се нови освојувачи на трофејот во Лигата на Европа. Поранешниот европски шампион сега додаде трофеј во второто најважно европско натпреварување на своите витрини и докажа дека оваа е

Мишел Обама: Луѓето гласаа за Трамп затоа што не знаеја што друго да прават

Поранешната прва дама во неодамнешното појавување во подкаст изјави дека била „разочарана“ кога Доналд Трамп победи на изборите во 2016 и 2024 година, пишува „Унилад“. Поранешната прва дама, која помина осум години

Средба Ахмети-Рокас: „Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ“

Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михаил Рокас, на која се разговараше за актуелните политички случувања
Go toTop