Во Грција се воведува „Училишна кошница“ во пресрет на учебната година со производи по пристапни цени

August 28, 2024
1 min read

Училишни чанти, прибори, тетратки, блокови, моливи и пенкала, гуми за бришење, фломастери и боици, острилки, линијари, шестари и хартија за фотокопирање, содржи т.н. „Училишна кошница“ што од денеска се воведува во Грција со неопходните производи за почетокот на учебната година, а кои треба да бидат по прифатливи цени за потрошувачите, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за развој на Грција соопштија дека „Училишната кошница“ ќе биде достапна до 15 октомври, а за конкретните производи што секоја продавница ќе одлучи да ги вклучи во понудата, ќе важат одредбите за плафон на профитот и затоа ќе постојат интензивни проверки.

Потсетуваат дека максималната казна за прекршоците е зголемена за пет пати и изнесува пет милиони евра.

„Училишната кошница“ е во рамките на иницијативите на грчката Влада во одредени периоди од годината, како што се Божиќ, Нова година, Велигден итн. да воведува сезонски продукти со цени кои треба да останат исти или да има минимални покачувања.

За Велигден беше воведена „Посна кошница“ за Нова година и Божиќ, во „Божиќната кошница“ беа воведени производи поврзани со божиќната трпеза, додека пак во супермаркетите постои „Кошничката за домаќинствата“ со над 50 производи по пристапни цени.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лишен од слобода прилепчанец поради предизвикување пожар

Следно

Антоанета призна дека со службена картичка платила 1200 евра за трособен стан во Виена за 4 ноќи, иако во околината има хотелско сместување трипати поевтино

Latest from Blog

Клиника од пеколот во Бразил: Купишта лекови со поминат рок, животни пред умирање, кеси со фетуси… (ВИДЕО)

Видеото неодамна снимено од спасувачи на животни од лажната ветеринарна клиника во Гуарулос, Сао Паоло, Бразил, го покажува најмонструозното занемарување на животните чувани во најневеројатни услови. Благодарение на заедничката операција на Цивилната

Муцунски негира дека имал средба со бугарската колешка: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, негира дека имал средба со неговата бугарска колешка, Весислава Петрова – Чамова, во Брисел и воедно потсетува дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот
Go toTop