На 3 септември протест на пензионерите во Скопје

August 27, 2024
1 min read

Пензионерите од истокот повторно на протести. Бараат оставка од актуелната претседателка на Сојузот на здруженија на пензионери, Станка Трајковска. Според пензионерите од Штип, Кочани и Свети Николе, кои со месеци протестираа и бараа линерано покачување на пензиите, Трајковска ги изневерила нивните барања, а оние пензионери со минимални примања ги оставила, како што велат на работ на егзистенција.

Повикуваат на масовен протест кој ќе се одржи на трети септември во Скопје. 

ТВ 24 ја контактираше и претседателката Трајковска. Таа вели дека не гледа причина за оставка бидејќи, како што посочи, во изминатиот период од Здружението бараат дегресивно зголемување на пензиите, но имаат и низа други предлози за подобрување на материјалниот статус на пензионерската популација во државата.

Поднесено е барање за покренување истрага за финансиското работење на Здружението до повеќе државни органи, пак тврдат пензионерите, бидејќи се сомневале дека не се работи според Закон.

А дали постои основ за било каков сомнеж, кога станува збор финансиското работење на Здружението, 24 побара одговор токму од актуелната претседателка.  

Освен оставка, пензионерите бараат и измени и нови Закони во делот на зголемувањето на пензиите, но и на постапката со која се бира претседателот на Здружението на пензионери, како и времетраењето на неговиот мандат.

Инаку, од септември почнува исплатата на 2.500 денари линеарно покачување на пензиите, а од март следната година пензионерите ќе добијат уште 2.500 денари.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Такси превозот во Скопје пред колапс, таксистите велат главен виновник е градоначалничката Арсовска бидејќи нема никаква контрола, ниту стратегија

Следно

Случајот со Северина ги скара Србија и Хрватска, се огласи Брнабиќ

Latest from Blog

Кој се кладел на 400.000 долари ДЕКА ПУТИН ЌЕ ЗАМИНЕ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

Анонимен корисник инвестирал околу 400.000 долари на платформата за крипто обложување Polymarket, предвидувајќи дека Владимир Путин нема да биде претседател на Русија на крајот од 2026 година! Мистериозниот облог привлече големо внимание

Во СДСМ ќе се дискутира за тоа што барала Славјанка Петровска на настан на „нова демократска платформа“

Органите и телата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) идната недела ќе дискутираат за учеството на пратеничката од партијата и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска на настанот под името „Разговори за

Оливер Гласнер три години на клупата на Нотингем Форест

Оливер Гласнер од денеска е нов тренер на Нотингем Форест. Според информацијата на инсајдерот Фабрицио Романо, Австриецот потпишал тригодишен договор. 51-годишниот Гласнер ќе го замени Витор Переира на позицијата главен тренер, чие
Go toTop