Лефков: Извештај од банка за службената картичка на Бисера Антоанета јасно покажува дека со државни пари купувала куфери, мечиња, хулахопки и чорапи (ДОКУМНТИ)

August 27, 2024
1 min read

Да учела Бисера Антоанета од Македонските народни мудрости, кои се дел од поголемата културна оставштина на народот низ годините ќе знаела дека на лагата и се кратки нозете. Очигледно не знае, па тука сме да и го кажеме тоа, рече на денешната прес-конференција пратеникот Миле Лефков.

Бисера Антоанета лаже кога вели дека купувала куфери, мечиња, хулахопки и чорапи од приватна картичка. Вистината е дека Бисера Антоанета купила куфери, мечиња, хулахопки и чорапи со државни пари. Ова е месечниот извештај за Виза бизнис картичката сопственост на Министерството за култура, издадена на име на Бисера Антоанета. Од овој извештај јасно се гледа дека Бисера Антоанета на 26.10.2023 година со народни пари, од државната картичка си купила куфер Samsonite за 219 фунти. Од овој извештај јасно се гледа дека Бисера Антоанета потрошила 89 фунти во Gift Galore London, од каде ги купила и плишаното мече и фудбалската топка. Бисера Антоанета потрошила и 146 фунти во Gift Box London, од каде како што веќе објавивме не доставила никакви сметки и не знаеме какви подароци си купила. Чорапите, хулахопките и помалиот куфер од 59 фунти Антоанета ги купувала со државни, службени пари во кеш, за што доставила сметки до сметководството со цел правдање на готовината која ја има подигнато. Потенцираме, ова е извештај од банка доставен за клиентот Министерство за култура, Бисера Антоанета, за службена картичка. Овој извештај е доставен архивиран во министерството за култура, а го доставила лично Антоанета. Бисера Антоанета фатена си инфлагранти, како со државни пари си купувала куфери, мечиња, хулахопки и чорапи. За 4 дена за оваа намена се потрошени 700 фунти, истакна Лефков.

Напоменуваме, ова не е се. Ова е само првиот дел од серијалот скандали Бисера Антоанета. Утре продолжуваме со нов случај, и фрапантни докази како раскошно живееле Антоанета додека народот едвај врзувал крај со крај, додава Лефков.

ВМРО-ДПМНЕ

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Петар Плотникот: Секоја општина да има единица со 10 пожарникари ќе биде доволно во летниот период да се спречат пожарите

Следно

НАТО се огласи за влегувањето на руското беспилотно летало во воздушниот простор на Полска

Latest from Blog

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот

Митева: ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби довербата од граѓаните, но колку е таа поголема, толку е поголема и одговорноста

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија изјави дека големата доверба што граѓаните ја дадоа на локалните избори претставува уште поголема одговорност.

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким
Go toTop