НАТО се огласи за влегувањето на руското беспилотно летало во воздушниот простор на Полска

August 27, 2024
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Северноатлантскиот сојуз (НАТО) реагираше на наводите за влегување на руско беспилотно летало во полскиот воздушен простор, јавува Aнадолу.

„Нема информации дека ова е намерно, но е неодговорно и потенцијално опасно“, соопшти НАТО.

Портпаролката на НАТО, Фарах Дахлалах, за АА изјави дека „Полска информирала дека за време на вчерашните руски напади врз Украина веројатно беспилотно летало влегло во нејзиниот воздушен простор“.

„Силно ги осудуваме овие напади врз украинските цивили и цивилната инфраструктура“, рече Даклала.

Таа изјави дека делови од руски беспилотни летала и проектили неколкупати биле пронајдени на територијата на земјите членки на НАТО од почетокот на војната во Украина во 2022 година.

„Иако немаме информации што укажуваат на тоа дека Русија врши намерен напад врз нашите сојузници, овие акции се неодговорни и потенцијално опасни“, рече Даклала.

Таа потсети дека како одговор на војната во Украина, НАТО значително го зголеми своето присуство на источното крило, вклучително и Полска.

Полска вчера објави дека во нејзиниот воздушен простор од правец на Украина влегол „неидентификуван летечки објект“, а дека сигналот на тој објект подоцна исчезнал од радарот.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека руската армија вчера извршила интензивен воздушен напад врз неговата земја.

Според неговите зборови, во нападот биле употребени повеќе од 100 проектили и речиси 100 беспилотни летала.

Вчерашниот напад Зеленски го оцени како еден од најинтензивните напади врз Украина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лефков: Извештај од банка за службената картичка на Бисера Антоанета јасно покажува дека со државни пари купувала куфери, мечиња, хулахопки и чорапи (ДОКУМНТИ)

Следно

Дефинитивно Тун Копмајнерс се сели во Јувентус

Latest from Blog

Керолајн Гилби MW: меѓународното искуство се сретна со македонското семејно винарство

Реномираната британска Master of Wine со долгогодишно искуство со вината од Источна Европа и Балканот посети пет македонски семејни винарии. Македонското семејно винарство доби значајна можност за директна размена на знаење и

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика
Go toTop