Како последица на земјотресите во Туркије животот го загубија најмалку 20.213 луѓе

February 10, 2023
1 min read

ХАТАЈ (АА) – Министерот за здравство на Република Туркије, Фахретин Коџа, соопшти дека бројот на загинати како последица на разорните земјотреси на југот на земјата е зголемен на 20.213, а бројот на повредени на 80.052, јавува Анадолу.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала во понеделникот ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во Кахраманмараш, а бројни спасувачки екипи сé уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

Ресорниот турски министер Коџа вечерва изјави дека околу 20.000 спасени се префрлени во други региони.

Турскиот претседател Ердоган денеска во Адијаман изјави дека турскиот народ се соочува со една од најголемите природни катастрофи во историјата.

Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека во операциите за пребарување и спасување на терен работат најмалку 159.146 лица. На терен се и 7.716 странски спасувачи.

Евакуирани се над 100.000 луѓе од регионите на Туркије погодени од земјотресот.

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека 97 држави изразиле подготвеност да му помогнат на турскиот народ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реконструкцијата на владата ќе добие поддршка од најмалку 64 пратеници, смета новинарот Џелал Незири

Следно

ФБИ ја претресе куќата на Мајк Пенс

Latest from Blog

Божиновска: Поддршка за средношколците кои создаваат решенија за зелена иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави поддршка и покровителство од страна на Министерството за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации наменет за средношколци. Божиновска ја

Општина Битола: 500 ученици во знак на спортот и здравиот живот

Околу 500 ученици од основните и средните училишта во Битола денеска учествуваа на „Есенскиот крос“, кој се одржа во Градскиот парк во Битола. Масовниот спортско-рекреативен настан им овозможи на учениците да се

Започнува Евролигата: Sвезда го пречекува Жалгирис, шампионот гостува во Баскија (Фото)

Најквалитетната кошаркарска лига во Европа вечерва ќе го има својот старт, а интересно, првиот меч снема да се одигра на „старион континент“, туку во Азија. Дубаи во „Кока Кола Арената“ ќе го
Go toTop