Муцунски во работна посета на Хрватска

August 27, 2024
1 min read

Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре, на покана на министерот за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман, ќе престојува во работна посета на Република Хрватска.

Во рамките на посетата, министерот Муцунски ќе има одвоена средба со својот домаќин, министерот Радман, а ќе биде и гостин на посебна сесија на Годишната конференција на амбасадори, генерални конзули и воени претставници на Хрватска во странство, каде ќе се обрати на тема „Европската Унија по новиот изборен циклус, Европа-локално и глобално и состојби во ЈИЕ: Од македонско гледиште“.

Во фокусот на разговорите на двајцата министри ќе биде процесот на ЕУ интеграцијата, како и предизвиците на патот кон целосно интегрирање на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

Министрите Муцунски и Радман ќе разговараат и за можностите за натамошно интензивирање и унапредување на одличните односи меѓу Северна Македонија и Хрватска и продлабочување на билатералната соработка во сите области од заемен интерес.

Во рамки на посетата на Загреб, министерот Муцунски како член на државната делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе се вклучи во програмата на неговата прва официјална посета на Република Хрватска која се реализира на покана на хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Зголемувањето на платите во фокусот на политичките препукувања

Следно

Во израелските напади низ Појасот Газа убиени се 40 Палестинци

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop