Во израелските напади низ Појасот Газа убиени се 40 Палестинци

August 27, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 40 Палестинци се убиени, меѓу кои пет деца, а многумина се повредени во неколкуте израелски воздушни напади низ Газа што беа извршени од вчера изутрина, јавува Анадолу.

Во изјавата на портпаролот на палестинската цивилна одбрана, Махмуд Басал, за дневната статистика, првично беше наведено дека 36 Палестинци биле убиени во различни воздушни напади. Потоа во соопштение беше објавено за смрт на четири деца од семејството Заину во градот Газа, со што бројот на убиени се искачи на 40.

Во северниот дел на Газа петмина Палестинци загинале во два израелски напада. Првиот напад бил насочен кон група цивили во бегалскиот камп Џабалија, при што загинале тројца, а во вториот напад бил погоден стан во областа Ал-Амуди, при што загинале уште двајца.

Во градот Газа биле убиени 23 Палестинци во пет одделни воздушни напади. Првиот удар се случил на плажа, а во вториот цел бил домот на семејството Ал-Аџил во западниот дел на градот.

Дополнителните детали од градот Газа откриваат дека третиот напад се случил на улицата Ал Талатини во југоисточниот дел на градот. Четвртиот напад бил насочен кон стан во западниот дел на градот, а во петтиот напад биле убиени четири деца во домот на семејството Заину во населбата Ал-Дарај.

Басал објави дека биле убиени седуммина Палестинци во два израелски напада. Првиот бил насочен кон влезот на Харет Ал-Џаафрави, југоисточно од Деир ал-Балах, во кој умреле двајца, а во вториот било погодено живеалиштето на семејството Сидем во кампот Магази, при што загинале петмина Палестинци, меѓу кои и едно дете.

Во Кан Јунис, во јужниот дел на Газа, било нападнато цивилно возило во областа Ал-Маваси западно од Кан Јунис, при што загинале петмина.

Локалните здравствени власти објавија дека во текот на израелските напади се убиени повеќе од 40.400 Палестинци, повеќето жени и деца, а над 93.500 се повредени.

Тековната блокада на Газа доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а голем дел од регионот е во урнатини.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнениот напад врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Муцунски во работна посета на Хрватска

Следно

Буфон ќе ја добие Претседателската награда на УЕФА

Latest from Blog

Најубава најава за дуелот САД – БиХ: Се спомнуваат Џордан, Алкатраз, ЦИА против Бело Дугме, Гаврило Принцип, бурекот!(ФОТО)

ФОТО:x.com/SolzenjicinH Во Босна и Херцеговина се е во знакот на Мундијалот. Џеко и другарите веќе се во 1/16 финалето каде налетаа на домашната селекција на САД. Јасно е дека улогата на фаворит

Разузнавачки извори откриваат дека Русија подготвува можна провокација во балтичките земји или Полска

Западните извори, исто така, стравуваат дека може да има опасност на хоризонтот, бидејќи Кремљ е под притисок од кампањата на Украина за напади со долг дострел врз цели во близина на Москва

Не одете во шума без дозвола – казните се огромни

Надлежните институции предупредуваат дека непочитувањето на забраната за движење во шумските подрачја ќе се санкционира со високи парични казни. Според важечките правила, секое физичко лице кое ќе биде затекнато во шума без

Николоски: Со Албанија ќе ја зајакнеме заштитата на Охридското Езеро

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, информираше дека денеска во Владата била одржана значајна средба со амбасадори на УНЕСКО, на која се разговарало за приоритетите на Македонија во областа

Божиновска: Зелената транзиција е патот до почист воздух и посилна економија

„Македонија направи јасен стратешки избор: нашата иднина е зелена, енергетски сигурна и одржлива.Eнергетската политика повеќе не се однесува само на производство на електрична енергија. Таа се однесува на економската конкурентност, јавното здравје,
Go toTop