Северина испрашувана на српската граница, таа изјави дека веќе нема да оди во Србија

August 26, 2024
1 min read

Хрватската пејачка северина приведена на српската граница. Полиција го претресувала нејзиниот автомобилог а хрватската пејачка била испрашувана и поради нејзините ставови за Сребреница.

По неколкучасовен разговор, и било дозволено да влезе во Србија каде требала да настапи на роденденска забава, но пејачка одбила да го продолжи патувањето и се вратила назад во земјата. За хрватските медиуми, Северина откри дека откако ја запрела, граничната полиција прво ја принудила да чека неколку часа во нејзиниот автомобил, а потоа 45 минути го претресувале нејзиното возило и ја однеле на распит за теми како што се геноцидот во Сребреница, Јасеновац, нејзината поддршка на протестот против ископувањето на литиум, за првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман, акцијата Бура.

„Кога почнаа да ме испитуваат што мислам за силувањето на жени и зошто биле протерани србите од Хрватска, јас одговорив дека секоја жртва е важна но и дека ја прекинувам оваа престава и повеќе нема да одговарам на нивните прашања. Побарав да ми ги вратат документите бидејќи нема да дозволам на мене да покажуваат сила. Им кажав дека повеќе нема да дојдам во Србија се додека на чело е добро знаете кој.“ – рече Северина.

Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, ги отфрли наводите дека северина намерно била таргетирана и порача дека пејачката била задржана поради контрола, но во никој случај не и бил одбиен влез во земјата. Сепак потврди дека името на хрватската пејачка се наоѓа на списокот на лица кои направиле вербални прекршоци и најави укинување на таквите листи.

 

„Северина ниту е приведена, ниту уапсена, ниту и е одбиена влез во Србија, туку е приведена поради контрола. Лудилото на хрватските медиуми и опозициските домашни политичари и медиуми нема граници. Каква врска има претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ со постапките на кој било припадник на полицијата или безбедносните структури, а со тоа и со задржувањето на Северина на нашата граница?“ – изјави Ивица Дачиќ министер за внатрешни работи на Србија.

Според хрватските медиуми, во минатите години, на неколку нивни пеачи им бил забранет влез во Србија поради навреда и изведување националистички песни.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што е потребно за македонските универзитети да се најдат на „Шангајската Листа”?

Следно

Мицкоски: Има повеќе истраги за криминал, ќе има и покренати случаи, одговорноста ќе се случи

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop