„Нашата цел е да бидеме надеж за угнетените“

August 26, 2024
1 min read

МУШ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Туркије секогаш ќе биде на страната на невините и угнетените, јавува Анадолу.

Ердоган денес во турскиот град Муш присуствуваше на одбележувањето на 953-годишнината на историската победа во Битката кај Малазгирт.

„Нашиот пат е ‘Векот на Турција’. По овој пат ќе чекориме токму под светлината на победата во Малазгирт“, нагласи турскиот лидер.

Ердоган во последните години ја претстави визијата за „Векот на Турција“, која вклучува голем број програми, проекти и цели во согласност со националните интереси на Република Туркије.

Тој рече дека Туркије секогаш ќе биде на страната на невините и угнетените.

„Нашата цел е да бидеме надеж за угнетените, мелем за раните што крварат и светлина за идните генерации. Нашата мисија е секогаш да бидеме на страната на вистината во битката меѓу вистината и лагата“, рече Ердоган.

Тој посочи дека можат да ги надминат сите предизвици само доколку останат обединети и сложни како народ.

„Не сме дозволиле и никогаш нема да дозволиме да нѐ разединат оние кои се обидуваат да нѐ поделат врз основа на нашите разлики и оние кои се обидуваат да сеат раздор меѓу нас“, рече Ердоган.

Битката кај Малазгирт, град во источна Туркије, се случила во 1071 година кога турските Селџуци под водство на султанот Алп Арслан го поразиле византискиот император Роман IV. Последица на поразот било слабеењето на одбранбената моќ на Византијците, но и доселување на турското население во историската провинција Анадолија.

Битката кај Малазгирт во историјата се смета за пресуден настан кој бил директно одговорен за последователниот пад на Византија, а Селџуците, засилени од победата во таа битка, ги продолжиле своите победнички походи во Мала Азија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина Свен Горан Ериксон

Следно

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Latest from Blog

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop