Бугарите на 27 октомври повторно излегуваат на избори, седми во последните три години

August 26, 2024
1 min read

На 27 октомври Бугарија ќе ги одржи седмите парламентарни избори во последните три години, најави претседателот Румен Радев, откако актуелните парламентарни партии не успеаја да формираат влада, пренесе Н1.

Радев најави дека утре во Народното собрание заклетва ќе положи новата техничка влада на Димитар Главчев, која ќе ја води државата до изборите.

-Утре ќе го објавам указот за одржување на предвремени парламентарни избори на 27 октомври, рече Радев откако Главчев му го врачи списокот со имињата на министри во привремената влада.

Бугарија не успеа да формира стабилна влада откако антикорупциските протести ја соборија владејачката коалиција предводена од централнодесничарската партија ГЕРБ во 2020 година.

ГЕРБ, во моментов најголемата политичка сила во парламентот, потоа реформскиот блок „Промените продолжуваат“(ПП) и помалата партија „Има таков народ“  не успеа да формираат влада по изборите на 8 јуни.

Тие избори беа распишани по падот на владата на ГЕРБ и ПП во март. Двете партии се проевропски и про-пазарни, но нивниот сојуз е обележан со внатрешни борби и лични ривалства.

На Бугарија очајно и треба период на стабилна влада со цел да се забрза доаѓањето до европските фондови, неопходни за реконструкција на застарената инфраструктура.

Политичкиот ќорсокак го загрозува планот на Софија за приклучување кон Шенген и еврозоната.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

УХМР: Од утре попладне можни краткотрајни поројни дождови и грмежи

Следно

Бугарите на 27 октомври повторно излегуваат на избори

Latest from Blog

Поранешниот советник на Трамп призна вина за непрописно ракување со тајни документи

Болтон, кој сега е истакнат критичар на американскиот претседател, првично се изјасни за невин по 18 точки од обвинението за нелегално ракување со класифициран материјал, пишува Би-Би-Си. Меѓутоа, денеска се изјасни за

Кацарска: ЕУ е под притисок да го редефинира проширувањето – Црна Гора и Албанија во фокусот на новите дипломатски иницијативи

Дискусијата за проширувањето на Европската Унија добива нова динамика преку серија „нон-пејпери“ и предлози од државите членки, поттикнати од потребата за итно решавање на статусот на Украина, но и од притисокот да
Go toTop