ИНСТАТ: Се повеќе странци живеат и работат во Албанија

August 24, 2024
1 min read

Податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, покажуваат дека се зголемува интересот на странски државјани да живеат и работат во Албанија.

Нивниот број бележи зголемување од 18,2% во текот на 2023 година во однос на претходната година.

-На крајот на минатата година, бројот на странци со дозволи за престој во Албанија бил 21.460. Граѓаните со потекло од Косово, Италија и Турција се најголем број странци со дозволи за престој кои ја избрале Албанија за живеење и работа во текот на изминатата година, објавија медиумите.

Причините за населување во Албанија се различни, но преовладува онаа за вработување. За Италијанците и Турците, главна причина е работата, косовските граѓани повеќе доаѓаат поради обединување на семејството.

– Интересен податок е зголемувањето на бројот на индиски државјани кои доаѓаат во поради работа. Речиси двојно повеќе од граѓаните кои доаѓаат на работа во Албанија се и оние со потекло од Филипините и Бангладеш, наведуваат медиумите.

Во текот на минатата година раст од над 22 отсто бележат и барањата за добивање дозвола за престој.

Во 2023 година се евидентирани 6.630 странци кои влегле на територијата на државата без нередовна документација, од кои најголем дел, околу 44 отсто се странци со потекло од Авганистан и Сирија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Рамадани не избегал туку е ослободен од лица во МВР и институциите, ОЈО мора да лоцира одговорност

Следно

Трајановски: Стабилизирана финансиската состојба на ЈП за државни патишта, се работи на проектите

Latest from Blog

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop